Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Болните на клиниките два часа без појадок

Болните на клиниките вчераутро околу два часа останаа без појадок. Ова беше кулминација на неколкумесечните проблеми со плаќањето меѓу фирмата „Хацат“, концесионер на клиничката кујна и фирмата-плаќач на клиниките – „Заеднички служби“. За да не пукне срам во јавноста и пациентите да не останат без храна, „Заеднички служби“ помогнале, обезбедувајќи половичен појадок. Наместо печиво и напивка, на клиниките им биле испорачани само кифли. Појадок испорачала и „Хацат“, но предоцна, па го вратиле назад. По интервенции и закани од Министерството за здравство за раскинување на договорот, дистрибуцијата на храна продолжила и болните навреме добиле ручек.

„Хацат“ одлучила да не испорачува храна откако годинава неколку пати клиниките биле предупредени за нередовно плаќање и за зголемување на долгот. Секогаш кога ќе се појавеше проблемот, поголем дел од директорите на клиниките се чудеа како не плаќаат кога „Заеднички служби“ редовно добива пари. Но, се' уште е тајна дали „Заеднички служби“ целосно и' ги префрла парите на „Хацат“. Концесионерот на клиничката кујна не открива колкав е долгот. Но, оттаму велат договор не се раскинува само за неиспорака на храна, туку и за неплаќање долгови над 15 дена.

Проблемот се обиде да го реши и министерот за здравство, Бујар Османи, но не успеа, па се закани со раскинување на договорот со концесионерот или, пак, враќање на кујната на „Заеднички служби“. Тој рече дека никој не смее да се служи со уцени.

„Поведуваме постапка со можност за раскинување на договорот, а има многу алтернативни опции. Или враќање на кујната кај ’Заеднички служби‘, тие да прават храна за пациентите или секоја клиника посебно да ангажира доставувач за храна. Меѓутоа, нема да дозволиме никој да игра со пациентите. Договорот кажува јасно и прецизно дека не смее ниту еден оброк да задоцни, бидејќи со тоа тој автоматски се прекинува“, објасни Османи. Но, ни министерот не откри колку „Заеднички служби“ е задолжена кај „Хацат“. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 442 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 16.12.2010 12:38:17
Грујо и Османи важно се накркани.Како несе засрамат до кај догура дури за болни да нема храна.ОДЕТЕСИ што побрзо тоа подобро.
Од: Od epten zabegan
Датум: 16.12.2010 13:50:54
Aman ne praite nisto...Pred dve godini lezev vo Klinicki...Toa sto ni davaa za jadenje nitu svinjite da ne go jadat...Poveke od 80% hrana se vrakase od pacientite i zavrsuvase kako dobar biznis kako pomija ..Koj ne veruva neka pomine ispod klinicki da vidi kaj se sobira taa pomija smrdi poveke od Vardariste..a dali nekoja drzava vo svetot dava ostatoci od hrana koja ja doprale bolnite kako hrana za stoka ..??? Teski se vreminjata ..ne e sporno..zatoa podobro i da si na total djeta ..odkolku da ja jades taa hrana tri dena vitkana vo celofan i podgreana...!!!
Од: Учо-Гостивар
Датум: 16.12.2010 14:00:20
Почитуван министер,при твојот избор на функцијата,делуваше храбро и одважно што ми даваше надеж дека добивме министер по мерка на задачите во оваа и те како важна гранка за граѓаните.Но како времето поминува Ти се повеќе се вклопуваш во општото сивило на оваа влада.Секој чесен човек кога ќе види дека нешто не оди а не по негова вина,ќе се повлече,односно ќе поднесе оставка.Не дозволувај на твојата младост да се залепи многу рѓа.Каде има поголем страм од тоа пациентите да останат без оброк.Морален човек за тоа би се обесил а не да прети на концесионерите со раскинување на договорот.Јас се страмам поради ова и ако немам никаква вина а Ти?
Од: suada
Датум: 16.12.2010 14:28:08
znaci sega ministerot ce potpise dogovor so firma koja ce nosi hrana za BEZ PARI. alal vera. dali ministerot treba da si go promeni imeto vo amdi bajram?
Од: d.t.a Kavadarci
Датум: 16.12.2010 14:32:29
Istava vest uste sinoka ja gledavme na a1 televizija i ne mozam da se nacudam kako moze site vesti vo vrska so zdravstoto i bolnicite niz Makedonija da bidat negativni i so obvinuvacki zborovi. Barem edna da bese so pofalni zborovi . Zatoa sto i pokraj vakvi propusti svedoci sme i na mnogu proekti i vlozuvanja vo zdravstvoto.Jas sum sigurna deka od utre site ke imaat hrana zatoa sto Ministerot nema da dozvoli da ostane na ova.
Од: srebre
Датум: 16.12.2010 15:18:10
me interesira nekoj da mi kaze dali ist zakon vazi za i vo sobranie za nabavka na hrana i mazut za grejanje t.e. tender............neli ako sakame vo eu treba site institucii da se isti pred zakonot...
Од: Dance
Датум: 16.12.2010 15:49:32
Dajte bikot od pred Peko da go zakoleme, ovie do kade ne doteraa site ke izumreme od glad.
Од: Трпе
Датум: 16.12.2010 19:15:20
Сегашниот премиер на РМ има некој хендикеп од детството.Има пари за разни глупости,како што е триумфална капија,за највисока карпа на балканот(кога сме преполни со природни карпи) а нема пари за здравството и тоа за најосновното храна.А за леков�� и апарати и да не стане збор.Се фалат со инвестици само на хартија.

Најди! во Утрински
Политика
Кој и зошто дава тајни документи под рака
Нема веќе реклами пред избори за џабе
Одделот реновиран, првата трансплантација неизвесна
Без налог нема да се прислушува
Се готви заемно оценување на универзитетите
Oдбиено барањeто на Давид Нинов
Тутунарите го бојкотираат откупот
Денационализацијата финализира во 2011
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu