|
|
|
|
|
|
Денационализацијата финализира во 2011
Процесот на денационализација се очекува да финализира до средината на 2011 година. Владата вчера соопшти дека се останати уште 40 нерешени предмети во прв степен. Стотина предмети од денационализацијата се пред Второстепената владина комисија и уште толку во Управниот суд. Владата смета дека со враќањето на имотите на нивните сопственици се исправа крупна историска неправда од економски и од политички аспект.
На завчерашната владина седница е усвоен предлог-законот за спорт, во кој најбитна новина е формата на организирање на спортските клубови, кои од здруженија на граѓани ќе се трансформираат во акционерски друштва. (Д.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 617 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Ајван Доктор® |
Датум: 16.12.2010 14:32:10 |
|
Денационализацијата е само обид за залажување на народот и особено - Светот!Ниту се спроведува како треба (најчесто со портокал-книшка)ниту пак оштетените страни добија чесна надокнада!Оние на кои им беа одземени имотите се оштетени по втор пат!За имот во центар на градот ќе добиете одредена сума,значително помала од реалната вредност,во безвредна хартија(обврзници-прв Лоповлук)!Ако се одлучите да ги продадете веднаш,добивате 75% од нивната вредност (чист,озаконет Лоповлук),ако не,тогаш ве чека десетгодишна исплата - ново Пљачкосување!Во одредени случаи е направена најпрво приватизација,па тој имот,иако го поседувате,не ќе можете да го повратите,бидејќи е отуѓен со помош на државата (Лоповлук).Ако веќе е изградена зграда,или индустриски погон,на местото,повторно добивате безвредна хартија!Недостасуваат документи,па иако поседувате тапија (стара 100 г.)и документ дека сте го поседувале имотот кога ви е одземен,повторно губите,бидејќи државата нема документи (повторно Лоповлук)... |
|
|
|
|
|
|
Од: ravo za Ajvan Doktorot! |
Датум: 16.12.2010 17:00:18 |
|
Ajvan Doktorot ja priakzuva vistinata za denacionalizacijata vo Makedonija! Bravo i cestitki! Potomcite na Kotlarosvski Atanas (Nace) od Resen na kogo mu e odzemeno zemjiste vo cventarot na Resen (togas ovosni gradini) kako kompenzacija za odzemeniot imot dobija parceli na periferijata na Resen koi, pri toa, se dodeleni na koristenje na razni korisnici! Podnesoa zalba na odlukata na Vtorostepenata komisija za odbivanje na baranjeto za obezstetuvanje nz odzemeni kuci i magacini, Upravniot sud ja usvoi zalbata, no, bez pravna pouka sto ponatamu! Katastrofa, a vamu se falat bez sram i bez perde! |
|
|
|
|
|
|
Од: Mi_Tko |
Датум: 16.12.2010 23:20:26 |
|
9 години откако сум заглавен во овие лавиринти, конечно го дочекав горчливиот ужасен крај.
Што се однесува на темата, ајван докторот у пет реда поентирал стоидвапосто :) |
|
|
|
|
|
|
|
|