Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Нема веќе реклами пред избори за џабе

Експертската јавност е против идејата донациите на медиумите да се регулираат со Изборниот законик, зашто сметаат дека така би се легализирала корупцијата

Светлана Унковска

Со новите правила во Изборниот законик, кои наскоро ќе се најдат пред Владата, строго да се лимитираат донациите на медиумите, што преку попусти во предизборната кампања им се даваат на политичките партии. Условите за рекламирање мора да бидат еднакви за сите партии и кандидати, со исти цени за сите, а ценовниците да не смеат да се менуваат. Ова се предлози на Советот за радиодифузија, од каде што сметаат дека со регулирањето на овие три важни точки ќе и' застанат на пат на се' поприсутната корупција меѓу медиумите и политичките партии. Но, експертската јавност не се согласува со ваквите предлози и тврди дека тоа е сосема погрешен чекор што води во спротивна насока. Наместо да се воведат забрани, преку вакови измени во Изборниот законик, корупцијата би се официјализирала.

„Во измените на изборното законодавство бараме да се лимитираат донациите. Попустите во цените што радиодифузерите и печатените медиуми ги даваат за платено политичко рекламирање да не смеат да о надминат износ од 20 илјади евра. Не мора да бидат 20 илјади евра, но, всушност, сакаме стриктно да ја ограничиме донацијата наместо, како што беше досега, неограничена. На пример, ако некој се рекламира за еден милион евра и плати 10 проценти, тогаш има 900 илјади евра донација“, вели Зоран Стефановски, претседателот на СРД.

Но, ваквиот предлог е неприфатлив за експертите, бидејќи, како што велат, со тоа корупциската спрега меѓу медиумите и политичките партии, што е особено присутна за време на избори, ќе добие и законска рамка. Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми бара чиста и јасна забрана за донации од медиумите за партиите, со високи казни, како и со мониторинг на парите што се слеваат во изборната кампања.

„Не може медиум да и' дава донација на политичка партија. Тоа е чиста корупција, медиумите ги корумпираат партиите за после да им биде вратено на друг начин. На таков начин, наместо да се разбијат политичко-медиумските бракови, ќе се официјализира корупцијата“, дециден е Беличанец. Според него, погрешен е и начинот на водење на изборната кампања во медиумите, со емитување спотови и делови од партиските митинзи, место да има дебатни емисии во кои граѓаните ќе можат да ги слушнат идеите и ставовите на кандидатите за сите прашања.

„Во голем дел од европските земји емитувањето спотови и митинзи е забрането. Поентата е преку дебатни емисии да се создаде натпревар и вкрстување на идеи и мислења, а не да има промоција само на оној што има повеќе пари и кој корумпира повеќе. Вториот дефект од таквата кампања, покрај корупцијата, е што ги елиминира малите политички партии, па како опција ни остануваат две партии што се најмоќни“, вели Беличанец.

Со предлогот за законски измени Советот ќе бара и уредување на медиумскиот простор од распишувањето на изборите до стартот на кампањата. На последните избори токму СРД ги проблематизираше емисиите во кои гостуваа некои од кандидатите, бидејќи официјално се' уште не беше почната кампањата. Поради тоа, сега се бара овој временски период да биде регулиран со посебен правилник.

„Бараме од официјализирањето до почнувањето на кампањата да има еден правилник, што ќе како биде лајт-варијанта. Сите информации што ќе бидат пласирани за изборите сакаме да ги сместиме во информативната програма и да нема посебни емисии во кои ќе се разговара со кандидатите на политичките партии. Овој период е многу тешко да се дефинира и не може прецизно да се разјасни, но мислам дека со воведувањето на овој нов правилник ќе постигнеме одреден ефект“, објаснува Стефановски. Беличанец, пак, предупредува на опасност дека на ваков начин може да биде доведена во прашање слободата на изразување. Според него, и овој предлог е погрешен затоа што не може да се забрани емисија. Напротив, тој укажува дека токму емисиите и дебатите се тоа што треба да се отвори во ваков период.

Претседателот на „Транспарентност-Македонија“, Сашо Ордановски, е мошне скептичен за можноста за какво било уредување на медиумско-партиските игри. „Главен проблем на корупцијата во Македонија е комплетната нетранспарентност и неконтролибилност на финансиското работење на политичките партии и тука не помага никаков правилник. Познавајќи ги актерите во македонската политика, нема никакви шанси да се уредат работите, бидејќи би морало да почнеме со апсења и тоа од сегашниот премиерот, па до сите претходни премиери и претседатели на партии. Ќе дојде премиер, ќе ти понуди еден милион евра и што, ќе го одбиеш!? На сите во политиката им одговара таа сива зона“, вели Ордановски.

Што предлага Советот за радиодифузија

- Исти цени за рекламирање за сите партии
- Ценовниците на медиумите да не смеат да се менуваат
- Лимитирање на попустите за платеното политичко рекламирање
- Сите прилози за изборите да се пласираат во информативната програма
- Да нема посебни емисии со кандидатите на партиите

 


#
Статијата е прочитана 1426 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 16.12.2010 12:32:38
Ќего заебете ГРУЈА тој не се слага да оди на јавни дебати.Научил човекот само да се рекламира.
Од: Професорка
Датум: 16.12.2010 14:05:17
И да се намалат билбордите. Железните конструкции поготово на зградите ќе утепаат луѓе. Во Холандија, политичарите се рекламираат 2 недели пред избори, на плакати со големина А4.
Од: d.t.a Kavadarci
Датум: 16.12.2010 15:05:22
Zabegan, si zabegal so poimite, Grujo ne se reklamira sebesi, tuku gi istaknuva ideite i nadezite za podobra Makedonija, koi narodot ako ne se mediumite mnogu tesko ke gi cue i ke dopre do niv. A sto se odnesuva do debatite Gruevski nemam dosega jaka konkurencija za da mora da se dokazuva na javni debati.
Од: Biba
Датум: 16.12.2010 15:27:06
Izvini vaka sto ke ti kazam Zabegan no ne se site kako tebe ako nekoj se reklamira i po sekoja cena pravi rekalami togas toa definitivno se sdsm. Niv i toa ne im uspeva imaat slab marketing zatoa sto nemaat fakti i dela bidejki mnogu cesto delata zboruvaat sami za sebe.
Од: karokan "gambit"
Датум: 16.12.2010 15:32:00
Povece veruvam vo moznosta Grcija da se otkaze od baranjeto za promena na naseto ustavno ime, da sugerira na zemjite od EU,vednas i neotpoviklivo da ne priznaat pod toa ime (ustavnoto),da sugerira momentalen priem vo NAYO i EU i t.n. otkolku vo moznosta da se pocituvaat bilo kakvi zakonski normi okolu reklamiranjeto. Posebno za vreme na izbori!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Nevozmozna misija!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Sto bi rekol na toa g-dine Felix?????????????
Од: Трпче
Датум: 16.12.2010 15:50:04
Da se zabrani Reklamiranje na politicki partii na mediumi. Da se dozvoli samo da dostavuvaat Programa kaj sandacinjata na graganite i da gi istaknuvaat programite na panoata pred nivnite kancelarii. Da se zabrani lepenje plakati nasekade, samo na specialni panoa o toa koj se navogaat pred partiski prostorii, NE prelepuvanje edni preku drugi. Sema TOA sekoja Partija ima WEB sajt, tamu kolku saka neka reklamira
Од: Мите
Датум: 16.12.2010 15:54:09
А да се укинат политичките партии?? И да може секој да се кандидира за пратеник/советник/градоначалник.
Од: fair
Датум: 16.12.2010 15:57:00
ima samo eno resenie. Televiziite DDV i Danok na dobivka da plakaat na pazarnata cena an minuta reklama.(kako sto e vo razvienite zemji) pa ako im se isplati neka davaat donacii

Најди! во Утрински
Политика
Кој и зошто дава тајни документи под рака
Одделот реновиран, првата трансплантација неизвесна
Без налог нема да се прислушува
Болните на клиниките два часа без појадок
Се готви заемно оценување на универзитетите
Oдбиено барањeто на Давид Нинов
Тутунарите го бојкотираат откупот
Денационализацијата финализира во 2011
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu