Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Русија најнепосакувана за ракометарките

Македонија од вториот шешир во денешната ждрепка за групите од квалификациите за ЕП

Роберт Димитриевски

Катастрофалниот пораз од 43:24 во меѓусебниот дуел на стартот од вториот круг на Европското првенство во Македонија во декември минатата година толку им е врежан во сеќавањето на македонските ракометарки што Русија најмалку ја посакуваат во квалификациската група за ЕП 2010. Македонија ќе биде во вториот шешир во денешното извлекување од 11 ч. во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, а заедно со неа се и селекциите на Шведска, Полска, Украина, Австрија, Србија и Белорусија, со кои не може да се најде во иста група. Покрај Русија, носители на седумте групи со по четири тима ќе бидат и Германија, Шпанија, Унгарија, Франција, Хрватска и Романија. Третиот шешир го сочинуваат Холандија, Словенија, Португалија, Турција, Словачка, Чешка и Исланд, а четвртиот Литванија, Италија, Црна Гора, Швајцарија, Азербејџан, Грција и победникот од двомечот Финска - Велика Британија.

Термините се 14 - 18 октомври годинава, 31 март - 4 април 2010 и 26 - 30 мај. Двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе играат на ЕП што ќе се одржи в година од 9 до 19 декември во Норвешка и во Данска.

За Драгана Пецевска прифатлив противник од носителите е Германија. Левото крило Ѓорче Петров деновиве треба да замине на операција на коленото, за да може навреме да се врати на теренот за мундијалскиот бараж со Австрија во првата половина од јуни.

Селекторот Владимир Глигоров, пак, од носителите ја претпочита Франција, која на ЕП во Македонија заврши дури на 14. место.

За одложеното дерби денеска



Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија, заедно со засегнатите страни Вардар про и Металург, денеска треба да го одредат терминот за одигрување на одложеното дерби од стартот на пролетниот дел во Суперлигата поради заушки во редовите на „црвено-црните“. Состанокот треба да се одржи по 12 ч.

Исланд Ја декласира Естониjа



По победата над Македонија во Скопје минатата среда, ракометарите на Исланд на свој терен ја „прегазија�� Белгија со 38:24 и избија на првото место во третата квалификациска група за Европското првенство 2010 во Австрија. Исланѓаните и Норвежаните имаат по седум бода од четири меча.


Статијата е прочитана 295 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Џенова гази кон Лигата на шампионите
Надал и Звонарева надмоќни во Индијан Велс
Вардар влегува во ритам, трет пораз на Работнички
Кливленд рутински го обработи Њу Џерси
Магдинчев на челинџер во Сараево
Моќниот Ливерпул на чекор до Јунајтед
Македонски судир за финале во БИБЛ