Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Кливленд рутински го обработи Њу Џерси

Водечкиот тим во НБА- лигата, Кливленд, славеше кај Њу Џерси со 96:88. Кавалирси доминираа од почетокот и во текот на меч само ја зголемуваа предноста. На крајот и' се радуваа на 57 сезонска победа која беше изразена со само осум коша разлика поради малото нивно опуштање во финишот. Дабл-дабл ефект оствари Леброн Џејмс (30 коша, 11 скока, осум асистенции), лидер кај Њу Џерси беше ветеранот Винс Картер со 25 поени, девет скока и пет додавања.

Во пресметката за Тексас кошаркарите на Сан Антонио загубија на својот паркет од Хјустон со 87:85, победа сокоја „ракетите“ го презедоа водството во дивизијата Југозапад. Натпреварот беше решен во последните секунди. Клучниот кош го постигна Луис Скола на 11 секунди до крајот за водство на Хјустон со 86:85. Две секунди до звукот Тони Паркер промашиза триумф, а конечните 87:85 ги постави Скола во последната секунда од линијата за слободни фрлања. Предводник на „ракетите“ со 47 победа во оваа сезона беше Рон Артест со 24 поени, четири скока и две асистенции, Скола додаде 19 поени, 17 скока и четири асистенции.

Резултати: Детроит - Мајами 96:101, Сан Антонио - Хјустон 85:87, Минесота - Оклахома 90:97, Торонто - Л.А. Клиперс 100:76, Њу Џерси - Кливленд 88:96, Њу Орлеанс - Голден Стејт 99:89, Сакраменто - Филаделфија 100:112.


Статијата е прочитана 119 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Џенова гази кон Лигата на шампионите
Надал и Звонарева надмоќни во Индијан Велс
Вардар влегува во ритам, трет пораз на Работнички
Русија најнепосакувана за ракометарките
Магдинчев на челинџер во Сараево
Моќниот Ливерпул на чекор до Јунајтед
Македонски судир за финале во БИБЛ