Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Моќниот Ливерпул на чекор до Јунајтед

Ливерпул ја уништи Вила (5:0) и има само еден бод помалку од Јунајтед, кој има и меч помалку

Демонстрацијата на моќ на „Енфилд“ овојпат се скрши на грбот на Астон Вила, која во Ливерпул допатува размислувајќи за борбата за Лигата на шампиони. Меѓутоа, на враќање дома ќе мора добро да размисли што ја снајде, бидејќи фудбалерите на Рафаел Бенитез едноставно го оддуваа противникот од теренот (5:0). Така сега Ливерпул има само еден бод помалу од Јунајтед, кој има и меч помалку, оној заостанатиот против Портсмут.

Со оваа победа Ливерпул направи редок успех. Во три меча едноподруго совлада европски прваци забивајќи им најмалку четири гола - со ред паѓаа Реал М. (4:0), Манчестер јунајтед (4:1), Астон Вила (5:0).

Шпанскиот стратег својот коментар за официјалните страници на клубот ги почна со критика: „Екипата играше добро, но не сум сосема задоволен бидејќи можеше да постигнеме уште повеќе голови. Игравме и со игра повеќе и имавме три, четири стопроцентни шанси. Тоа мораше да го реализираме, бидејќи и гол разликата може да одлучува. Мора да ја поправиме реализацијата. Немојте погрешно да ме сфатите, моите фудбалери направија одлична работа“, изјави Бенитез и додаде: „Не смее да размислуваме дали Јунајтед ќе погреши, бидејќи на тоа не може да влијаеме. Се приближивме и треба максимално да се потрудиме да славиме на секој меч. Секој нареден натпревар за нас е финале“.

Инаку, серијата голови, која за Бенитез била мала, ја отвори Дирк Кајт, кој во осмата минута одбиената топка по ударот на Шкртел ја прати во мрежата на Фридел. Астон Вила потоа можеше многу лесно да израмни преку Кару, но Рејна беше феноменален. Потоа следеше казна - уште два гола до полувремето за Ливерпул, оној на Риера и реализираниот пенал на Џерар. И четвртиот гол беше дело на брилијантниот Џерар (слободен удар од 20 метри), како и последниот - повторно од пенал за хет-трик.

„Џерар е неверојатен. Ги заслужува сите пофалби што ги добива. Тој е нашиот клучен играч и игра како вистински капитен. Местото му е меѓу најдобрите“, ја коментираше играта на Џерар, Арбелоа.

Резултати од последните три меча во Премиерлигата: Виган - Хал 1:0, Манчестер Сити - Сандерленд 1:0, Ливерпул - Астон Вила 5:0. Табела: Манчестер Ј. 65 (-1), Ливерпул 64, Челзи 61, Арсенал 55, Астон Вила 52, Евертон 48, Виган 41......



Натпреварите на МанЧестер Ј. и на Ливерпул до крајот



Манчестер Ј. - Астон Вила (5 април), Сандерленд - Јунајтед (11 април), Јунајтед - Портсмут (22 април), Јунајтед - Тотенхем (25 април), Мидлсборо - Јунајтед (2 мај), Јунајтед - Сити (9 мај), Виган - Јунајтед (13 мај), Јунајтед - Арсенал (16 мај), Хал - Јунајтед (24 мај).

Фулам - Ливерпул (4 април), Ливерпул - Блекбурн (11 април), Ливерпул - Арсенал (21 април), Хал - Ливерпул (25 април), Ливерпул - Њукасл (2 мај), Вест Хем - Ливерпул (9 мај), Вест Бромвич - Ливерпул (16 мај), Ливерпул - Тотенхем (24 мај).

Барса го држи темпото пред

Реал М.



Резултати од 28. коло во Примера: Барселона - Малага 6:0, Ла Коруња - Бетис 1:1, Гетафе - Хуелва 2:1, Мајорка - Атлетико Мадрид 2:0, Нумансија - Спортинг Хихон 2:1, Осасуна - Еспањол 1:0, Сантандер - Валенсија 0:1, Реал М. - Алмерија 3:0. Табела: Барселона 69, Реал М. 63, Севилја 54, Вилјареал 48, Атлетико Мадрид 43.....


Статијата е прочитана 322 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Џенова гази кон Лигата на шампионите
Надал и Звонарева надмоќни во Индијан Велс
Вардар влегува во ритам, трет пораз на Работнички
Кливленд рутински го обработи Њу Џерси
Русија најнепосакувана за ракометарките
Магдинчев на челинџер во Сараево
Македонски судир за финале во БИБЛ