Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Сепак, ќе ги бараме парите од ММФ

Во игра е повлекување минимум 400 милиони евра,
а не се отфрла и можноста за издавање нова еврообврзница

Александрија Стевковска


Македонија е чекор до одлуката да го прифати понудениот отворен кредит од Меѓународниот монетарен фонд. Во игра се минимум 400 милиони евра, првично понудени со кредитната линија на Фондот, а можно е да се повлечат и повеќе пари. Тимот на мисијата на ММФ, предводен од Вес Мекгру, е веќе во земјава и се водат интензивни разговори со нашите власти за деновиве да се обелоденат деталите за договореното, посебно износот на парите што Владата ќе ги земе од Фондот.

„Очекуваме во следните неколку дена да се завршат разговорите околу новата кредитна линија и да се донесе одлука. Можам да кажам дека сме се' поблиску до донесувањето одлука за користење кредитна линија од ММФ што е по исклучително поволни услови. Во тој контекст, практично она што се нуди од нивна страна и она што е генерално правило за ваквите кредити е што земјата може во првата година да користи 500 отсто од квотата, односно за Македонија тоа би значело 400 милиони евра за првите 12 месеци“, изјави вчера вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој потврди дека Владата размислува и за продолжен кредит од 24 месеци со што сумата на кредитот може да биде многу поголема од првично најавените 400 милиони евра. Кредитот би бил земен со каматна стапка од 1,3 отсто во првата година или од два до 2,1 отсто доколку се земе кредит за 24 месеци.

„Парите ќе бидат искористени за буџетска поддршка, со оглед на тоа дека ММФ оваа кредитна линија ја понудил без наметнување услови за што би се користеле овие средства. Доколку се земат овие пари тие ќе се користат за поддршка на буџетот. Поточно ќе претставуваат сигурност дека ќе бидат реализирани сите проекти што се предвидени за следната година, меѓу кои спаѓаат и капиталните инвестиции“, истакна Ставрески.

Ставрески нагласи и дека реализирањето на оваа кредитна линија би значело релаксирање на стопанството, бидејќи во него би останале повеќе пари од банкарскиот сектор.

„Со парите од ММФ ќе се намали потребата на Владата за повлекување пари од банкарскиот сектор преку издавање државни записи“, додаде Ставрески.

Според него, земањето кредит од ММФ не ја исклучува можноста Владата да издаде еврообврзница.

„Ако се земат парите од Фондот ќе се подобрат условите за издавање еврообврзница, бидејќи таа би била со пониска камата, а воедно ќе се подобри угледот на нашата земја кај потенцијалните инвеститори“, додаде Ставрески.


#
Статијата е прочитана 1115 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 07.12.2010 12:28:13
Да земе човек и да се чуди што се случува.До завчера фрла дрвја и камења по ММФ Како тие биле гробари.Како сега се спасители?????.Но кога им затребуват пари се заборават.Се глеа влегле не во тесно него во БЕЗИЗЛЕЗ-БАНКРОТ.Сега ММФ Се добри.Дали се свесни колку се подлабоко ги однесоа Граѓаните во жив песок.Се тргнало наопаку.Господ напомош друго нема.
Од: b
Датум: 07.12.2010 12:38:16
Ќе бараме, но не ке можат да ги вратат ни нашите пра-пра фнуци!
Од: mene
Датум: 07.12.2010 13:32:56
A sega cii krediti vrakame?
Од: komentar
Датум: 07.12.2010 14:14:29
Sega duri znam deka ne znam. Pa ministre neli od MMF krediti go urivaat rejtingot i zatoa emituvavte obvrznici. Sega velite deka so ovaa linija ke go zgolemite rejtingot. Inaku ako nekogo intresira sega cii krediti vrakame, odgovorot e: Na Gruevski koju ne zadolzi kako minister za finansi vo vladata na Georgievski.
Од: jovan
Датум: 07.12.2010 14:27:16
Do:Zabegan, MMF se grobari i toa "profesionalni", no nie sme veke na smrtna postela, pa grobarite veke kruzat okolu nas. Koj drug normalen bi im dal pari na ovie nasive? Kazi barem eden. Dobro e i sto "grobarive" se nafatile, inaku taka sami ke si "crkneme" bez nekoj i da ne pogledne.
Од: nekoj
Датум: 07.12.2010 14:41:04
Iskreno, ovoj Stavreski mi izgleda na eden strasno nesposoben covek, koj se krie pod maskata na arogantnosta. Ve procitavme. KAkvi luge ja vodat Makedonija, pobogu.
Од: Stojko
Датум: 07.12.2010 17:38:03
Blada se sprema za nesto....
Од: Трпе
Датум: 07.12.2010 18:34:54
Кум Ставре,а нешто каже гарант лаже.Земјава ни ја презадолжува до таму што никој нема да може да не извлече од овие долгови.Било која влада да дојде по нивното емигрирање нема да може да не извлече од долговите.Но никој не му е виновен на народот гога смета дека слепиот водач не води по правиот пат задскривајки се позади лажниот патриотиза.Акцијата Долина на волците не е завршена.Пета сезона е во тек.
Од: Johnny
Датум: 07.12.2010 21:03:47
Pak neka kaze nekoj deka si nemame rabota so profesionalni lazgovci kako sto im e vsusnost i celata prerodba vo 100 cekori nazad.Pa duri glumea i ludilo demek ke razmislele dali im trebale pari.Ne da im trebaat tuku im se potrebni ko voda vo pustina oti se svesni deka otidovme dzenem.Da gi zaprasame sega Latas,Mirka,Milenko i slicnote na niv sto mislat za MMF.Ocekuvajte sega od ovie kolaboracionisti=manipulatori na edna drzavno unstuvacka politika da pocnat da pisuvaat i da komentiraat vo prilog na MMF i za prifakanje na aranzmanot.A za Stavrevski sto da se kaze isto i kako tie okolu nego inaetcii,tvrdoglavi samobendisani i samoumisleni ekpserti,prerodbenici i reformatori,koi od inaet i od nesakanje da go priznaat porazot na svojata ekonomska politika i bezprimernite trosenja ne lazea deka budzetot e poln,deka nema mesto za panika i sl.Ednostavno se prasuvam kako e mozno se uste da ima luge koi m veruvaat na Grujo i na Stavrevski
Од: Kral Marko_pp
Датум: 08.12.2010 02:16:55
Во Македонија се гради и се вложува во планираните проекти ама очигледно на некој не му одговара ваков тек на настаните. Дај кажете вие што правеше СДСМ во нивното владеење со парите од ММФ? Купуваше скапи поклони некои министри носеа Rolex се подаруваа бисери итн.
Од: Diogen-London
Датум: 08.12.2010 09:34:41
Od nikoj pat ne sum go pocituval ovoj aroganten i samobendisan "strucnjak".So svoeto diletantsko i arogantno odnesuvanje uspea vo britanskite bankarski krugovi da ja posramoti sopstvenata drzavata.Zaslepen od bolnata ambicija za vlast i "slava",pet pari ne dava za interesite na R.Makedonija.Vprocem,takvi mu se i partiskite cimeri koi preku nok stanaa "strucnjaci i najpametni".Nesiguren,izguben vo mnostvoto problemi sto so svoeto neznaenje uspea da gi napravi vo drzavata,vlece potezi i dava izjavi,ubeduvajki ja javnosta vo ispravnosta na politikata sto ja vodi zaedno so negoviot Duce.Edinstveno sto me zagrizuva: koj posle ovie mutanti ke ja opravi Makedonija i ke ja izvede na prav pat?
Од: boris
Датум: 08.12.2010 16:10:47
Прво плукаа по ММФ, па сега ќе лижат!
Од: Lence Racinova
Датум: 09.12.2010 07:55:36
Ako dobieme kredit od MMF,ke ima predvremeni izbori vo februari.SE znae za shto ni trebaat parite...kampanja i podmituvanje na izbirachite....toa e logikata i bistrinata na deneshnava situacija.Ke se zaperat parite ,malku se pola milijarda evra, so lienjeto na spomenicite od " slavnata" 2014g. i ke se podnapolnat penziskite fondovi...da im se kachi predizborno penzijata na izbirachite,malku...ama pompezno....ke stavat nekoja parichka vo fondot za zdravstvo i za lekovi...i ete ti pak "vlast".Samo malite deca shto cicaat nemozat da gi razberat ovie raboti.Alal vera....samo napred....Samo edno zaboravate ...nemame nie ostrovi za prodavanje...a i politicharive ne ni vredat 5 pari...za da mozeme na nekogo da gi prodademe.So sreka...i za ubavo...koj ke prezivee...ke raskazuva.
Од: Тошо
Датум: 09.12.2010 10:10:40
Значи ДОЈДЕ КОЛЦЕ НА ТРКАЛЦЕ. Е сега... кога да му веруваме на Ставре? Пред година дена кога фрлаше камења и плукаше по ММФ или сега кога гомоли ММФ за заем?

Најди! во Утрински
Економија
Нов пад на каматата на НБМ
Дефицитот достигна 1,6 млрд. долари
ТВ-сигналот ќе се дигитализира
Бензините скокнаа за два денара
УЈП в година ќе се фокусира на присилна наплата
Сметките на „Т-мобиле“ на банкоматите на Стопанска
Поради кризата, помалку се пие
Струмичките земјоделци не сакаат пари од ИПАРД
Може да го одржи пазарот на нафта
Ќе се продаваат неколку острови
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links