Поради кризата, помалку се пие
Букурешт - Консумацијата на алкохолни пијалаци во Романија годинава изнесува пет литри на човек, за разлика од лани кога на годишно ниво се консумирале по шест литри, додека во 2008 година се пиеле по 8,5 литри на човек.
Според експертите, годинава консумацијата на алкохол ќе биде намалена од 90 до 100 милиони литри, или од 15 до 20 проценти помалку во споредба со минатата година. Во 2009 година пиењето алкохол било намалено за 25 проценти.
Цените на алкохолните пијалаци годинава се зголемиле од пет до седум проценти. Поради економската криза,
многу Романци сами почнале да произведуваат алкохол. (МИА) |