|
|
|
|
|
|
УЈП в година ќе се фокусира на присилна наплата
Управата за ��авни приходи следната година ќе се фокусира на стратегијата за присилна наплата, пред се', поради новите надлежности што ги доби за постапување по сите предмети на државното Правобранителство, особено имајќи предвид дека од почетокот на следната година ќе ја администрираат и наплатата на радиодифузната такса. Ова вчера го најави првиот даночник во државава, Горан Трајковски, на прес-конференцијата на која беше најавено продолжување на проектот за модернизација на УЈП, а на неа присуствуваа и министерот за финансии, Зоран Ставрески, и холандската амбасадорка, Симоне Филипини, чија матична држава во изминатите четири години инвестираше четири милиони долари во реформите во УЈП.
Трајковски најави воведување и бонус-систем за наградување на вработените преку меѓусебен натпревар, кои, покрај основната плата, во зависност од сработеното ќе бидат и соодветно наградени. Проектот за реформи, посочи Трајковски, Управата треба да го круниса со формирање сопствен тренинг- центар во вид даночна академија што би била од регионален карактер. УЈП најави продолжување на тековниот проект за модернизација најмалку уште една година со акцент на зголемувањето на процентот на електронското усогласување со малите и средните фирми, примена на стратегијата за присилна наплата, воведување бонус-систем за вработените и отворање даночна академија. (А.С.) |
#
|
Статијата е прочитана 1179 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: goran |
Датум: 07.12.2010 14:43:40 |
|
FIRMITE se zatvaraat, klientite vi begaat, nema nisto od natprevarot i nagraduvanjeto da videte. Sami si gi rusite Slabostite Momentalno eden moj prijatel ja zatvara burekdzilnicata, DDV na strujata, DDV na vodata, DDV na kirijata, DDV na burekot, DDv na firmata, plus razno razni osiguruvanja i pridonsi, plus raZni zakani i uceni od sudski procesi |
|
|
|
|
|
|
Од: trajan |
Датум: 07.12.2010 14:55:54 |
|
kakva ironija, koj ke ima najmnogu naplateno reshenija ke dobie bonus:)))ehehehh...ova se odnesuva na nas graganite, ne na firmite..na firmite im zemeni parite od smetkite lani i godinava...na nas graganite ke ni gi zemat od dogodina i toa za MTV(ne muzickiot kanal da ne dojde do zabuna,)..za drugite kazni ne pravam muabet koj greshil neka plaka za sekoj e zakonot ist, osven za toj sto pushi pred kamera i novinarite. |
|
|
|
|
|
|
Од: читател |
Датум: 07.12.2010 18:39:24 |
|
Секаде во светот буџетот се полни меѓу другото во најголем дел од придонеси,даноци и др.јавни давачки.Но кај нас секој гледа да не си ги плати обврските,да остане повеќе за него,ама ако може да земе нешто од државата а да не прави ништо тој за неа тогаш владата е најдобра.Со концептот бруто плата конечно ги натераа газдите да ги прија ват вработените и знам многу што работеа непријавени од немајкаде,а за тоа време најгласни во бунење беа т.н. газди кои остануваат покуси а работникот го сметаат за роб. |
|
|
|
|
|
|
|
|