Може да го одржи пазарот на нафта
Вашингтон - Саудиска Арабија ќе настојува да ја одржи стабилноста на пазарот на нафта, најави поранешниот саудиски амбасадор во Вашингтон, принц Турки ал Фајсал.
„Без оглед на движењата на пазарот, Саудиска Арабија ќе може да влијае врз светската цена на нафтата, бидејќи поседува огромни резерви од најмалку 260 милијарди барели. Кога ќе се зголемува побарувачката, посебно во Кина и во Индија, кралството ќе ги намирува“, истакна Фајсал.
Тој наведе дека земјите треба попрецизно да ги соопштуваат податоците за својата енергетска потрошувачка. (МИА) |