Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Струмичките земјоделци не сакаат пари од ИПАРД

Струмица - Струмичките земјоделци и сточари не покажуваат интерес за користење средства од ИПАРД-програмата. Според нив, процедурата за пристап до овие средства била мошне комплицирана и преоптоварена со документација и административни барања, а критериумите за аплицирање многу високи и можеле да ги исполнат само земјоделци што имаат готови финансиски средства и капацитети и кои со овие средства можат да го модернизираат своето производство и да го доближат до стандардите на ЕУ.

Во Федерацијата на фармери, исто така, сметаат дека средствата од оваа кредитна линија се достапни претежно за големите стопански субјекти, наспроти фактот дека во Македонија е најголем бројот на мали и средни земјоделски производители, преработувачи на зеленчук и на овошје и одгледувачи на добиток и живина.

„За средствата од ИПАРД можат да аплицираат земјоделски производители, одгледувачи на добиток, овоштари, градинари, лозари, преработувачи на зеленчук, овошје и на млечни производи, кланични капацитети, нови собирни центри за млеко, како и апликанти што ќе воведат еколошки стандарди за третирање на отпадот од кланичната индустрија. Да се добијат средства од овие фондови и успешно да се имплементираат значи да се добие европско обележје и ознака на инвестицијата, што натаму му дава дополнителна конкурентска способност на оној што инвестира“, велат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица.

Во сегашната транша, за која рокот за поднесување апликации истече пред една недела, на располагање има, заедно со буџетското кофинансирање, вкупно 40 милиони евра од европските претпристапни фондови за рурален развој. Во претходната линија од 122 апликации на ниво на државава, од Струмичко

само еден фармер има потенцијална можност за добивање средства од оваа програма. (МИА)


#
Статијата е прочитана 850 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Сепак, ќе ги бараме парите од ММФ
Нов пад на каматата на НБМ
Дефицитот достигна 1,6 млрд. долари
ТВ-сигналот ќе се дигитализира
Бензините скокнаа за два денара
УЈП в година ќе се фокусира на присилна наплата
Сметките на „Т-мобиле“ на банкоматите на Стопанска
Поради кризата, помалку се пие
Може да го одржи пазарот на нафта
Ќе се продаваат неколку острови
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu