Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Сметките на „Т-мобиле“ на банкоматите на Стопанска

Стопанска банка, „Македонски телеком“ и „Т-мобиле“ вчера промовираа нова е-услуга, со што на своите клиенти им понудија електронско плаќање на сметките. Тоа значи дека ќе можат да се плаќаат месечните сметки за Интернет, телефон и телевизија преку Интернет и преку мрежата на банкомати на Стопанска банка.

„Сакавме на граѓаните да им го зголемиме изборот кога станува збор за плаќањето на сметките. Нудиме услуги што ќе бидат достапни 24 часа за граѓаните, кои, секако, ќе ни донесат позадоволни клиенти, кои секогаш ќе бидат први на ред“, порача вчера Ратка Неделковска, советничка за односи со јавноста на Стопанска банка. Според неа, електронското плаќање се врши лесно и едноставно, без провизија и дополнителни трошоци. Потребен е само интернет-пристап до веб-страницата на „Мој телеком“ и платежна картичка од брендот на „мастеркард“ и „виза“, кои се користат за електронско плаќање. „Брендот ’Т-мобиле’ уште еднаш ја изрази својата иновативност преку промовирањето на новите електронски услуги во соработка со Стопанска банка, а во согласност со барањата на корисниците, да овозможиме брз едноставен и сигурен начин за плаќање на сметките“, изјави Верче Георгиевска-Рупиќ, портпарол на „Т-мобиле“. Оваа услуга можат да ја користат сите граѓани при плаќањето на нивните пост-пејд сметки. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 753 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Сепак, ќе ги бараме парите од ММФ
Нов пад на каматата на НБМ
Дефицитот достигна 1,6 млрд. долари
ТВ-сигналот ќе се дигитализира
Бензините скокнаа за два денара
УЈП в година ќе се фокусира на присилна наплата
Поради кризата, помалку се пие
Струмичките земјоделци не сакаат пари од ИПАРД
Може да го одржи пазарот на нафта
Ќе се продаваат неколку острови
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu