Над 13.000 лица на услугата „Пренесување на броеви“
Услугата „Пренесување на броеви“ од нејзиното воведување на 1 септември 2008 година до 29 јуни 2009 година, ја искористиле вкупно 13.719 корисници. Ова го соопшти Министерството за транспорт и врски, од каде што додаваат дека услугата ја искористиле 10.646 корисници во фиксната телефонија и 3.073 во мобилната телефонија.
Услугата „Пренесување на броеви“ го овозможува правото на сите корисници на мобилни (при-пејд и пост-пејд) и на фиксни телефонски броеви да го задржат постојниот телефонски број заедно со префиксот и да преминат на друг оператор. (Макфакс) |