Кинески холдинг со понуда за „Опел“
Детроит - Кинескиот холдинг „Автомобилска индустрија Пекинг“ даде понуда за преземање на германски „Опел“, соопшти „Џенерал моторс“, кој веќе подолго време се обидува поради кризата да го продаде контролниот пакет акции во „Опел“. „Кинеската компанија дала необврзувачка понуда откако ја прегледала состојбата во фирмата“, изјави за американски медиуми портпаролот на „Џенерал моторс“. Сега, според него, во „Џенерал моторс“ се разгледува понудата, но во меѓувреме продолжуваат и разговорите со канадската фирма „Магна интернешенел“. (МИА) |