Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Компјутеризација на администрацијата

Државните службеници во 21 државна институција, преку унифициран систем електронски ќе ги креираат и управуваат сите видови документи, со што ќе се намалат времето и трошоците за работа. Такви резултати треба да даде примената на интегрираниот е-владин систем за управување со документи, со вредност од 48 милиони денари, што вчера го презентира министерот за информатичко општество Иво Ивановски. Според Ивановски, унифицираниот систем значително ќе ги подобри способностите и капацитетите за управување со документи во институциите, ќе обезбеди целосна автоматизација на работните процеси и ќе се запазуваат роковите за процесуирање на предметите. „Доколку одреден службеник не го проследи предметот во определениот рок, самиот систем е програмиран да го извести одговорното лице и ќе може веднаш да се интервенира. Ќе нема веќе криење документи во фиоки“, објасни министерот Ивановски. (МИА)


Статијата е прочитана 672 пати.

Испрати коментар

Од: Kole
Датум: 06.07.2009 09:14:56
Da, do dokumentite beshe :)
Од: Ванчо Орданоски
Датум: 06.07.2009 09:15:28
За пофалба е заложбата од Владата да се компјутеризира. НО! 1. Владата сеуште нема донесено стратегија за интерконекција на своите институции и стандарди за размена на податоци помеѓу нив, ниту ги има централизирано своите ИТ капацитети на ниедно ниво: управувачко, оптимизирачко, безбедносно, или чворно. 2. Владата сеуште нема донесено стратегија за унифициран начин за размена на податоци со граѓаните и компаниите, а таму каде што има нешто размислено, создава дуополи (во сертификационите тела за клучеви). 3. Во сите овие развикани компјутеризации на државните институции, училиштата, факултетите, итн., домашните ИКТ компании не добија скоро ништо, или се сведени на приврзоци на некои (понекогаш дубиозни) странски добавувачи. Сите десетици, ако не и стотини милиони евра отидоа кај странски компании. Ете, и последната набавка за лаптопи отиде кај српска фирма. А и ова за што пишувате е од странска фирма. Полесно се договараат, изгледа.

Најди! во Утрински
Економија
Кинески холдинг со понуда за „Опел“
Се' уште мал интересот за осигурување на производството
Мелничарите се пишманат околу цената на пченицата
Над 13.000 лица на услугата „Пренесување на броеви“
Руските долгови поголеми од резервите
Втора лицитација за земјиште во Дојран
Од Словачка милион евра за Балканот