Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Мелничарите се пишманат околу цената на пченицата

Лебното жито ќе се плаќа од 10 до 12 ден. за килограм, ако се намали нелегалниот увоз на брашното

Александрија Стевковска

Мелничарите ќе ја откупуваат домашната пченица по цена од 10 до 12 денари за килограм, само доколку државата успее да го намали количеството брашно што легално и нелегално се увезува од соседството. Земјоделците се закануваат дека во случај ако откупувачите не се придржуваат до договорената цена за плаќање на пченицата, тие ќе ги радикализираат протестите, кои засега се ставени во мирување.

„Остануваме на договореното под услов Владата да го реализира ветеното, максимална контрола на брашното и на пченицата што се увезуваат од аспект на квалитетот и поседувањето потребни документи и сертификати. Доколку ги видиме ефектите, во делот на намалување на легалното и на нелегалното внесување брашно од Косово и од Србија, ако се ослободи пазарот, ние сме подготвени да ја дадеме ветената цена“, вели Николчо Георгиев од „Мак млин“. Според него, има информации дека нелегално се внесува брашно.

„Треба да почнеме да склучуваме договори за откуп на пченицата. Ќе настојуваме да им помогнеме на нашите производители, но и ние мораме да внимаваме да го пласираме домашното брашно“, истакна Георгиев. Преработувачите го оправдуваат намалувањето на цената со вишокот брашно, кое е увезено од Србија и од Косово.

Производителите, пак, се пожалија дека дел од мелничарите веќе се двоумат во однос на договорените 10-12 денари за пченицата, а за јачменот немало, како што рекоа, никаков интерес.

„Жетвата почнува, цената е договорена, но ако бидеме изманипулирани, ако не се испочитува нашето барање, од 10 до 12 денари за килограм лебно жито, по 15 јули ќе ги интензивираме блокадите во сите регион��“, напомна Марјан Гулев, претставник на земјоделците, кои протестираа пред две седмици.

Доколку пекарите останат на ставот дека нема да дадат повеќе од седум денари за килограм јачмен плус данокот на додадена вредност, тогаш, рече Гулев, идната година никој нема да посее ниту зрно од оваа култура.

„Некои мелничари ги повлекоа цените за пченицата што ги дадоа минатата седмица, а сега нудат осум денари. За јачменот не постои никаков интерес. Ни понудија шест денари и отплата на осум рати, што е смешно и потценувачки“, се жали Џидан Тајровски, земјоделец од Велес.

Сојузот на земјоделците ги поддржува барањата на производителите дека откупната цена на житото треба да се движи од 10 до 12 денари за килограм, во зависност од квалитетот. „Мора да потенцираме дека цената ќе зависи од квалитетот на пченицата. Не може за неквалитетна пченица да бараме 12 денари“, изјави Никола Стаменов од Сојузот на земјоделци. Според Стаменов, бидејќи јачменот не спаѓа во доменот на мелничарите, за неговиот откуп треба да се зборува со сточарските фарми.


Статијата е прочитана 348 пати.

Испрати коментар

Од: Bitola troa skolovan
Датум: 06.07.2009 09:45:28
Зарем уште ќе читаме дека се договориле па сега ретерираатза цената на пшеницата.Единственото нешто што регулира е пазарот и тука нема желби и мераци,секој треба да опстане во оваа криза и не ми се познати интересите на договорената цена на пшеницата барем во млинската индустрија на која и јас им продавам жито.Да не се лажеме????

Најди! во Утрински
Економија
Кинески холдинг со понуда за „Опел“
Се' уште мал интересот за осигурување на производството
Над 13.000 лица на услугата „Пренесување на броеви“
Руските долгови поголеми од резервите
Компјутеризација на администрацијата
Втора лицитација за земјиште во Дојран
Од Словачка милион евра за Балканот