Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Сензационални победи на Фил и на Ворли


Питер Фил го искористи нискиот стартен број за победа

Италијанецот Питер Фил ја оствари својата сензационална прва победа во кариерата во првиот спуст сезонава во Лејк Луис. Осум години Фил е дел од белиот циркус и конечно се искачи на највисокото место на пиедесталот минувајќи ја патеката за време од 1:47,40 мин. Зад него завршија Швајцарецот Карло Јанка и Швеѓанецот Ханс Олсон, за кои ова исто така беа најдобри резултати.

Италијанецот го искорсити нискиот стартен број 10, додека третиот Ханс Олсон стартуваше како петти. Кога на редот дојдоа оние најдобрите нешто чудно се случуваше на патеката во Лејк Луис. Неверојатно беше да се гледа како најбрзиот на двата тренинга Американецот, Боде Милер, ја завршува трката на 14 место со минус од 68 стотинки и како минатогодишниот победник во спустот Дидие Куш, завршува на 26. позиција со секунда и 66 стотинки заостанување. И токму во моментите кога сите, по кој знае кој пат коментираа дека оние со низок стартен број неправедно имаат огромна предност Швајцарецот Карло Јанка им удри шлаканица. Со стартен број 65 успеа да дојде до неверојатното второ место!

Големо изненадување се случи и во женскиот велеслалом во Аспен, Колорадо. Француската тинејџерка Теса Ворли ја искористи кардиналната грешка на Денис Карбон на три врати пред влегувањето во целта и од шестото место, благодарејќи на одличното второ возење, се проби на првото место. На тој начин со 19 години ја оствари својата прва победа во Светскиот куп. „Оваа победа ми е многу важна, особено поради Светското првенство кое ќе се одржи ова сезона во мојот Вал ди Зер. Не очекував триумф, но се' некако почна да се одвива брзо по првото мое влегување меѓу најдобрите 10 минатата сезона во Зелден“, изјави пресреќната Французинка.

Резултати од велеслаломот во Аспен



1. Тиса Ворли (Франција) 2:12,86

2. Тања Путинаинен (Финска) +0,28 стотинки

3. Елизабет Гергл (Австрија) +0,71

Генерален пласман

1. Тања Путинаинен 200 бода

2. Линдзи Вон 179

3. Марија Хомнер 160

Резултати од спустот во Лејк

Луис

1. Питер Фил (Италија) 1:47,40

2. Карло Јанка (Шва) +0,08

3. Ханс Олсон (Шве) +0,16

Генерален пласман

1. Даниел Албрехт 124 бода

2. Жан Баптист Гранж 122

3. Боде Милер 121


Статијата е прочитана 64 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Фудбалот е комбинација меѓу шахот и балетот
Ноќ на рекорди во Њујорк
Вториот круг примарна цел за домаќинот на ЕП
Реми рамно на пораз за ракометарите во Естонија
Милано го декласира Вардар на Градски
Тинејџерско дивеење пред мечот МЗТ - Работнички
Фудбалски вести
Мотоциклистичката федерација на Македонија во БМУ, Грција против