Ноќ на рекорди во Њујорк
На Њујорк и на Голден Стејт не им требаше долго време за да го одиграат својот прв меѓусебен дуел по размената која ја направија, а во која учествуваа Џамал Крафорд и Ал Харингтон.
Овој вториов уфрли 36 коша, но неговите поени не се приказна во овој исклучително интересен натпревар, во кој Њујорк на патот до победата од 138:125, сруши неколку вредни рекорди.
Крис Дахон, многупати оспоруваниот плејмејкер, кој дојде во Њујорк минатато лето како слободен играч, успеа да оствари 22 аситенции што е нов рекорд на клубот. Минатиот траеше од 1958 година, а го држеше Ричи Гверин, со 21 додавање.
Меч на кариерата одигра и центарот Дејвид Ли, кој реализираше 37 поени со 21 скок. Уште еден соборен рекорд се однесува на шутерската вечер на победничката екипа. Повторно со само седум активни играчи во составот, „никси“ постигнаа дури 82 коша во првиот дел, најмногу во било кој меч игран во „Медисон Сквер Гарден“ од далечната 1978. година. Импресиониран од се она што го виде на паркетот беше и тренерот на гостите, Дон Нелсон: „Секако дека приказната на мечот е Крис Дахон. Страшен играч! Во некои моменти изгледаше како Стив Неш, навистина фантастична претстава“, беа зборовите на славниот тренер.
Резултати: Орландо - Индијана 110:96, Вашингтон - Атланта 98:102, Шарлот - Бостон 84:89, Њујорк - Голден Стејт 138:125, Мемфис - Оклахома 103:11, Минесота - Денвер 97:106, Хјустон - Сан Антонио 103:84, Јута - Њу Џерси 88:105, Милвоки - Кливленд 85:97, Сакраменто - Далас 78:101, Л.А Клиперс - Мајами 97:96. |