Мотоциклистичката федерација на Македонија во БМУ, Грција против
Мотоциклистичката федерација на Македонија е примена за полноправна членка на Балканската мотоциклистичка унија на состанокот одржан минатиов викенд во Пловдив. Одлуката да се констатира прекинот на континуитетот на Автомото сојузот на Македонија како застапник на мотоциклистите и на негово место да се прими во членство МФМ е донесена со девет гласа за, а само Грција била против. МФМ ќе делегира еден претставник во Бордот на БМУ, која е организатор на Источноевропскиот шампионат, од кој една трка в година ќе организира Македонија, и тоа во мотокрос, како и трка за ЕП во ендуро, а Конгресот на БМУ во 2009 ќе се одржи во земјава.
МФМ е формирана минатата година, кога го презеде раководењето со мотоспортот во државава, а годинава ги организира првенствата во брзински мотоциклизам на кружни патеки и во мотокрос. Со членството во БМУ почнува преземањето на меѓународните активности, по што ќе следува приме во европската федерација УЕМ и во светската ФИМ. |