Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Вториот круг примарна цел за домаќинот на ЕП

Повредената Радуловиќ и понатаму неизвесна, во нејзино отсуство Тодоровска ќе биде капитен

Роберт Димитриевски

Пласманот во вториот круг на 8. Европско првенство во ракомет за жени, што ќе се одржи во Македонија од утре до 14 декември, претставува основна цел на репрезентацијата на домаќинот. Варијациите во очекувањата кај девојките и кај водството се движат само меѓу една или две победи, кои ќе се бркаат против Србија и Хрватска, бидејќи кај сите провејува убедувањето дека носителот Германија е недопирлив во групата Д. Токму Германките утревечер од 20,15 ч. ќе бидат први противнички на тимот селектиран од Владимир Глигоров, в четврток е дуелот со Хрватските и в сабота со Србинките. Во втората фаза има место за првите три селекции во групата.

„Убеден сум во барем две победи во групата“, најголем оптимист е в.д. претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Михајло Михајловски. „Без оглед на одредени ситни недоразбирања со челниците на ЕХФ, кои бараат нешта што досега не се побарани од домаќините на ЕП, се надевам дека ќе се претставиме како добри организатори“.

„Низ трите меча во групата ќе се обидеме да се пласираме во втората фаза со максимално ангажиран и одговорен пристап од сите ракометарки. Верувам во нивната мотивација и желба за докажување. Германија е фаворит во нашата група, па шансата ќе ја бараме против Хрватска и Србија“, поумерен е селекторот Владимир Глигоров. Негова најголема главоболка и понатаму е неизвесниот настап на повредената Валентина Радуловиќ, за која се' уште не се знае ни дали воопшто ќе може да игра. Таа најверојатно ќе остане меѓу 16 играчи за првенството, а во нејзино отсуство капитенската лента ќе ја носи највозрасната, 34-годишната Наталија Тодоровска.

„Сите девојки сакаат да покажат најдобра игра, но самото првенство ќе покаже што и колку сме сработиле на подготовките“, вели Тодоровска, која на 30 натпревари за македонската репрезентација има постигнато вкупно 168 гола. „Ова ЕП ќе биде најинтересно досега, бидејќи многу ракометарки ја завршија кариерата по Олимписките игри, па репрезентациите ќе настапат со многу изменети состави“.

На прашањето колку можат да помогнат советите на Левон Акапјан, под чија тренерска палка има работено во Волгоград и кој од вторникот наваму му помага како специјален консултант на селекторот Глигоров за ова ЕП, десното крило на Подравка дипломатски одговори: „Тој е кратко време со нас за да може да се каже колку ќе ни помогнат неговите совети. Ќе видиме на теренот“.

Драгана Пецевска (25), која блесна на Светското првенство 2001 во Италија и која на 36 меча во дресот со државниот грб постигна 52 гола, исто така е внимателна во прогнозите.

„Сакам да направиме исчекор. Прво да ја поминеме групата, а за понатаму - здравје, тогаш ќе мислиме“, се зборовите на левото крило на Ѓорче Петров. Според неа, тоа што ќе играат пред своја публика ќе биде голема предност, а не товар за македонските репрезентативки.

Последна проверка за Македонија пред утрешниот старт требаше да биде синоќешниот контролен дуел со Шпанија, која ќе игра во групата Б заедно со Норвешка, Португалија и Украина. Групата А ја сочинуваат Франција, Унгарија, Данска и Романија, а во групата Ц се Русија, Шведска, Австрија и Белорусија.


Статијата е прочитана 213 пати.

Испрати коментар

Од: pilif
Датум: 01.12.2008 09:14:50
Dobro samo edna statija e se sto mozete da napisete za EVROPSKO PRVENSTVO na koe sto sme DOMAKINI??? Sramota e kolku malku prostor ima vo mediumite. Da bese Vo fudbal na koe nikogas nema da sme domakini a kojznae i dali nekogas ke ucestvuvame na golemo ke se pisuvase nedeli odnapred, istorijati, feljtoni, ucesnici itn.....Kako rakometot osobeno zenskiot da ne e najtrofeen sport vo Mak. SRAMOTA

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Фудбалот е комбинација меѓу шахот и балетот
Ноќ на рекорди во Њујорк
Сензационални победи на Фил и на Ворли
Реми рамно на пораз за ракометарите во Естонија
Милано го декласира Вардар на Градски
Тинејџерско дивеење пред мечот МЗТ - Работнички
Фудбалски вести
Мотоциклистичката федерација на Македонија во БМУ, Грција против