Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Тинејџерско дивеење пред мечот МЗТ - Работнички

Разулавените навивачи на двата тима се гаѓаа со камења, шишиња

Само десетина дена откако Владата и министерството за внатрешни работи гласно ги обзнанија новите ригорозни мерки за навивачкиот вандализам на терените и надвор од нив, стравични сцени во населбата Аеродром.

Пред дербито МЗТ Скопје - Фершпед Работнички (кое го добија гостите со убедливи 85:67, но жално е што во моментов тоа не е важно) се водеше вистинска војна во близината на трговскиот центар Бисер. Разулавените навивачи на двата тима (повеќето од нив тинејџери) со сите средства се обидоа да покажат кој е главен во градот. Се гаѓаа со камења и со се што ќе им дојде при рака, а својот бес го истурија и на неколку излози и прозорци од локалните дуќани и станови. Сето ова, се случи откако навивачите на Работнички од центарот на градот тргнаа пеш кон салата „Јане Сандански“, но беа пресретнати од навивачите на МЗТ.

Очевидците на дивеењето велат дека тепачката предизвикала вистинска паника и страв кај жителите на населбата, кои се нашле среде агресивните навивачи.

„Ова беше како на некој фил, некое племе диво од Тексак, бетер од Тексас. Се маваа со шишиња, камења, со што се не. Полицијата реагираше брзо. Вистинска среќа е што нема жртви“, изјави еден очевидец, кој потврди дека некои од навивачите кои бегале се обидела спас да најдат во околните згарди, па дури провалиле и во неколку станови.

Полицијата вчера соопшти дека 10 лица биле полесно повредени и дека неколкумина биле приведени на информативен разговор. Но се надеваме дека нема да остане само на тоа, бидејќи за ваквото нецивилизирано однесување конечно некој мора да одговара. Еве шанса за одговорните институции да ги спроведат најавените мерки во дело.


Статијата е прочитана 399 пати.

Испрати коментар

Од: ДимоАго
Датум: 01.12.2008 12:37:56
ПОРАКА до учесниците во вандализмот :Вие не сте ниту навивачи ниту љубители на спортот.Вие сте најголемите душмани на спортот и клубовите за кои навивате.Обични хулигани,уличари,паразити кои што незнаат ништо друго да прават во животот освен да се тепаат,да кршат,да фрлаат камења кај ќе стигнат,да го загрозуваат животот на луѓето кои случајно ќе се најдат во ваша близина.Им се извинувам на оние кои мораа да учествуваат заради самодбрана.ПОРАКА до МВР: казни затвор за виновниците без разлика на нивните години бидеќи ова е најлошата работа што може да му се случи на едно општество.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Фудбалот е комбинација меѓу шахот и балетот
Ноќ на рекорди во Њујорк
Сензационални победи на Фил и на Ворли
Вториот круг примарна цел за домаќинот на ЕП
Реми рамно на пораз за ракометарите во Естонија
Милано го декласира Вардар на Градски
Фудбалски вести
Мотоциклистичката федерација на Македонија во БМУ, Грција против