Фудбалски вести
Баерн Минхен имун на аспирин
Дерби натпреварот во Леверкузен беше добра можност за домашниот Баер да го прекине двегодишниот пост на свој терен против Баерн, но актуелниот шампион во второто полувреме покажа дека во овој момент е многу подобра екипа. По акцијата на Бразилецот Зе Роберто во 59. минута Лука Тони ги доведе гостите во водство, а десетина минути пред крајот на натпреварот со својот шести лигашки гол Мирослав Клосе го постави конечниот резултат. По победата Баерн ги претекна на табелата популарните „фармацевти“ и сега се втори со три бода помалку од првопласираниот Хофенхајм со кој идната недела ја затвара есенската сезона на „Алијанц“ арена. Интересно е што челниците на Бундеслигата одредија во првото коло од пролетниот дел на сезоната го отвара првопласираниот тим.
Предводен од Ведад Ибишевиќ клубот од најбогатото германско село лесно излезе на крај со Арминија Билефелд и го задржа лидерското место во лигата, а репрезентативецот на БиХ уште еднаш ја потврди извонредната форма затоа што му требаа само пет минути да го постигне својот 17. гол во лигата. Шест минути подоцна Едуардо зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Копадо во 89. минута од пенал.
Резултати, 15 коло: Вердер - Ајнтрахт 5:0, Баер - Баерн 0:2, Хановер - Карслуе 3:2, Менхемгладбах - Котбус 1:3, Хофенхајм - Арминија 3:0, во петокот Херта - Келн 2:1.
Табела: Хофенхајм 34, Баерн 31, Херта 30, Баер 28, Хамбургер 26 (-1), Борусија 24 (-1), Вердер 23, Шалке 23 (-1), Волфсбург 22 (-1), Штитгарт 18 (-1), Ајнтрахт 16, Хановер 16, Арминија 12, Котбус 12, Менхенгладбах 11, Бохум 10, Карслуе 10.
Манчестер Ј. газда во градот
Со голот на Вејн Руни во првиот дел Манчестер Ј. го совлада Сити во градското дерби со 1:0.
Резултати од 15. коло во Премиерлигата: Астон Вила - Фулам 0:0, Стоук - Хал 1:1, Мидлсборо - Њукасл 0:0, Сандерленд - Болтон 1:4, Виган - ВБА 2:1, . Вчера играа Портсмут - Блекбурн, Тотенхем - Евертон, Челзи - Арсенал. Табела: Челзи 33 (-1), Ливерпул 33, Манчестер Ј. 28 (-1), Астон Вила 25, Арсенал 23 (-1)...... |