Заобиколен грабнатиот брод во Сомалија
Могадишу– Американски воен брод беше стациониран вчера во близина на Сомалија, со цел да ги спречи пиратите при евентуалниот обид од грабнатиот украински товарен брод да истоварат оружје или муниција.
Лицето што се претстави како портпарол на пиратите изјави дека бараат 35 милиони американски долари од кениската влада, за ослободување на бродот „Фаина“, при тоа предупредувајќи на тешките последици доколку биде спроведена било каква воена акција за ослободување на бродот.
Пиратите во четвртокот грабнаа украински брод натоварен со 33 тенка од типот Т-72 од руско производство, како и големи количини муниција и опрема што ја нарача кениската влада. На бродот има 35 луѓе, од кои 21 се членови на екипажот. (Макфакс) |