Убиена најславната полицајка во Авганистан
Малалаи Какар, шеф на Одделот за кривични дела против жени, беше застрелана во нејзиниот автомобил
КАБУЛ - Вооружени лица во јужниот авганистански град Кандахар, ја убија најпознатата припадничка на полициските сили во земјата, јавија официјални лица. Потполковникот Малалаи Какар, шеф на Одделот за кривични дела против жени во Кандахар, беше застрелана во нејзиниот автомобил пред да замине на работа. Нејзиниот син, исто така, бил повреден во нападот, и се додава дека станува збор за сериозни повреди. Талибанските бунтовници, кои забранија жени да им се приклучат на полициските сили кога тие беа на власт, изјавија дека тие го извеле нападот. „Ние ја убивме Малалаи Какар“, изјави портпаролот на Талибанците за агенцијата АФП. „Таа беше наша цел и ние успешно ја елиминиравме нашата цел“. Какар, за која се наведува дека имала околу 40-тина година и е мајка на шест деца, била една од најистакнатите жени во земјава. Таа се стекна со слава во националните и меѓународните медиуми делумно поради познатата епизода во која таа уби тројца наводни атентатори во една престрелка, иако таа наведе дека нејзиниот секојдневен живот вклучува сузбивање на кражби, пресметки и убиства. Какар во 1982 година им се приклучи на полициските сили на Кандахар, откако нејзиниот татко и браќата исто така се полицајци. Меѓутоа, кога тврдокорниот талибански режим ја презеде власта во Авганистан, неа и' беше забрането да работи. (Би-Би-Си) |