Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Свет

Медведев и' даде пет задачи на армијата

На Русија и' е потребна армија опремена со современо оружје, смета рускиот претседател

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Во разговорот со командантите на воените окрузи што се одржа на полигонот „Донгуз“ во Сибир, во областа Орембурск, рускиот претседател Дмитриј Медведев ги прецизираше петте главни задачи за развој на вооружените сили. Тој објасни дека прво мора да се усоврши организационата структура и системот на базирање на армијата.

Говорејќи поедноставно и подиректно, тие боеви единици и нивните делови мора да бидат доведени во постојана боева готовност. Медведев потсети дека неодамна утврдил прецизни параметри за боевиот состав на вооружените сили до 2020 година, па затоа за ефективно решавање на боевите задачи е неопходно да се работи на реализација на петте задачи. Покрај веќе спомнатото, втора задача е зголемување на ефикасноста на системот за управување со вооружените сили. „Без тоа, рече Медведев, невозможно е да се смета на успех во современите војни и други вооружени конфликти“. Трета задача е усовршување на системот за подготовка на кадри, воено образование и воена наука. „Тоа е она што го правевме претходно, а тоа е и сега во овој момент апсолутно важна задача“, изјави рускиот претседател.

Четврта задача е модернизација на армијата, за што веќе се планирани средства.

„Нам ни е потребна армија која е опремена со современо оружје. На тоа прашање ќе му посветиме приоритетно внимание. Особено значење ќе имаат принципиелно новите и високотехнолошки видови оружја“, додаде Медведев. И, на крај, петтата задача е социјалната грижа за вооружените сили. Тоа е извонредно важна задача, бидејќи поради ниските плати војската со години ја напуштаа оние кои веруваа дека можат да си најдат подобра работа. „Ние мораме да водиме сметка армијата подобро да живее и да се грижиме за нејзин повисок стандард - од плати, решавање на станбеното прашање до други материјални прашања“, објасни Медведев.

Според Медведев, тие пет фактори ќе ја определуваат воената готовност на руските вооружени сили. Рускиот претседател особено истакна дека до 2020 година, ќе биде обезбедено гарантирано решение за атомско задржување на (противникот) во разни воено-политички услови и разни воено-политички ситуации. Освен тоа, војската мора комплексно да се опреми со ново вооружување и средства за извидување. ���Ние мораме да станеме супериорни во воздухот, во нанесување на високо прецизни удари по целите на земјата и морето, а исто така и во оперативно префрлување на армиските единици. Планирана е сериска изградба на воени бродови. Пред се' изградба на подморници на атомски погон кои можат да имаат крилести ракети, но ќе се прават и подморници за повеќекратна употреба. Ќе биде создаден и систем за воздушно-вселенска одбрана“, додаде рускиот претседател Медведев.


Статијата е прочитана 1159 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Американски радар за предупредување од ирански ракети
Заобиколен грабнатиот брод во Сомалија
Дозволено кремирање во Грција и покрај отпорот на црквата
Мекејн и Обама изедначени во првиот ТВ-дуел
Убиена најславната полицајка во Авганистан
Кадиевиќ доби руско државјанство
Италијанската и бугарската мафија најмоќни во Србија
Десничарите пред победа на изборите во Австрија
Обновена работата на нуклеарката „Јонгбјон“