Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Свет

Кадиевиќ доби руско државјанство

Хрватската потерница по поранешниот југословенски генерал Вељко Кадиевиќ сега нема значење

МОСКВА - Пензионираниот југословенски генерал Вељко Кадиевиќ (83) од 13 август 2008 година е граѓанин на Руската Федерација. Руската федерална служба за миграции го прифати неговото барање за добивање државјанство, а претседателот Дмитриј Медведев го потпиша указот во кој меѓу 14-те лица се наоѓа и Вељко Кадиевиќ. Таа вест ја потврди и Кадиевиќ за московскиот неделник „Бољшој город“, кој со остарениот генерал разговараше во најновиот број. Во тој текст каде што се опишува кои се тие 14 лица кои добиле руско државјанство, Кадиевиќ објасни и зошто побарал од Русија да му се овозможи нормално да живее кај нив.

Рускиот Устав не дозволува граѓаните на оваа земја да бидат испорачани на друга земја, па хрватската потерница за Вељко Кадиевиќ од моментот кога доби државјанство, значи од 13 август годинава, сега нема значење. Кадиевиќ во 2005 година доби статус на бегалец. Според рускиот закон, требаше да поминат три години па да побара и државјанство и да добие руски пасош. Таков бегалски статус имаат и Мира и Марко Милошевиќ, со кој, патем речено, тој не контактира. Секој од нив засебе со право мисли дека своевремено бил важна личност, па и одвоено пишува свои мемоари, а кои ќе бидат најдобри и најинтересни ќе покаже времето.

Генералот Кадиевиќ беше последниот министер за одбрана во социјалистичка Југославија во периодот од 1988 до 1992 година. Тој беше на чело на армијата во 1991 година, кога беа водени воените операции во Вуковар и во Дубровник поради кои против него во Хрватска беше поднесен обвинителен акт. По објавувањето на биографската книга на Кадиевиќ „Контраудар“ во Москва и неговите интервјуа, во кои објаснуваше дека постојано престојува во тој град, Хрватска побара од Русија негово испорачување за да му се суди во Хрватска. Властите во Русија не го прифатија барањето што стигна од Загреб, бидејќи сметаат дека нема доволно аргументи за испорачување.


Статијата е прочитана 1188 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 29.09.2008 00:47:10
rusite se zakon.
Од: LEKA
Датум: 29.09.2008 06:24:37
Rusite gi sobirat vojnite profiteri i zlikovci kao sinot na miloshevic i negovata zhena koi isto taka se barani os srbija slavenska rabota kade ima pari pravda nema
Од: citatel
Датум: 29.09.2008 11:05:37
rusite ne davaat tek taka na sekoj drzavjanstvo , kadijevich gi iskoristil poznanstvata i prijatelstvata so ruskite genarali za dobivanje na rusko drzavjanstvo, odnosno rusite mu se odolzile za spionazata i kodoslukot sto toj gi vrsel vo nivna korist dodeka bil general, sto rezultira so raspaganje na jugoslavija pod vodstvo na nesposobni generali
Од: jimmy1
Датум: 29.09.2008 17:21:33
Neznam za kakva pravda zboruva Leka. Ako si za pravda zosto ne dade komantari za amnestijata za albanskite teroristi, zosto ne rece treba da odgovaraat za ona sto go napravile a ne da se oslobodat. Ali tie se tvoj braka pa zatoa vo toj slucaj ne smenis nekakva pravda.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Американски радар за предупредување од ирански ракети
Заобиколен грабнатиот брод во Сомалија
Медведев и' даде пет задачи на армијата
Дозволено кремирање во Грција и покрај отпорот на црквата
Мекејн и Обама изедначени во првиот ТВ-дуел
Убиена најславната полицајка во Авганистан
Италијанската и бугарската мафија најмоќни во Србија
Десничарите пред победа на изборите во Австрија
Обновена работата на нуклеарката „Јонгбјон“