Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Свет

Десничарите пред победа на изборите во Австрија

ВИЕНА - Гласачите во Австрија излегоа на предвремените општи избори за кои анкетите покажуваат дека би можеле да резултираат со победа на екстремната десница. Изборите беа распишани откако коалицијата меѓу социјалдемократите и конзервативната Народна партија се распадна по само 18 месеци. Анкетите покажуваат дека десноориентираната Партија на слободата и Алијанса за иднината на Австрија се на пат да победат. Првпат во оваа земја-членка на ЕУ ќе им биде дозволено и на 16 и 17-годишници да гласаат. Околу 200.000 млади луѓе имаат право на глас, а електоратот брои малку повеќе од 6,3 милиони.

Централнодесничарската Народна партија и централнолевичарските социјалдемократи се бореа за победа. Најновата анкета покажува дека социјалдемократите се во предност, а по нив следува конзервативната Народна партија. Меѓутоа, тие навестуваат, исто така, дека ниту една од нив не се очекува да освои повеќе од 30 отсто од гласовите. Анкетите покажуваат дека расположението во земјата би можело да ја крене Партијата на слободата на Хајнц Кристијан Страхе и се предвидува дека ќе освои 17 до 19 отсто од гласовите и Алијансата за иднина на Австрија на Јерг Хајдер со околу осум отсто.

Тоа би биле најдобрите резултати за екстремната десница во Австрија од 2000 година, кога Партијата на слободата, тогаш предводена од Хајдер, освои 28 проценти од гласовите и доби место во коалиционата влада со конзервативците. Потегот предизвика бес низ Европа и неколку месеци против Австрија беа воведени санкции од страна на ЕУ. Аналитичарите јавуваат дека екстремната десница би можела повторно да влезе во власта, но дури откако сите други опции ќе бидат исцрпени. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 226 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 29.09.2008 00:42:44
simpatizer sum na partijata na slobodata,najpoveke poradi nivnito protivenje na prodiranjeto na islamot vo evropa.ima kvartovi vo viena koi poveke licat na istambul.se islamizira gradot.potpolno gi razbiram,zatoa sto i nie imame slicen problem vo zapadna makedonija.se protivat na priznavanjeto na kosovo,i toa mnogu go cenam.
Од: seat zirovnica
Датум: 29.09.2008 02:52:10
marjan nemoj mnogu dase mesavas vo muslimanive gledajsi rabotata vo avstrija nesam mnogu daleku ot viena samo 65 kilometri ova dati bidet pr i posleden pat ahtung
Од: mitre
Датум: 29.09.2008 17:19:48
Za urednikot, Zoshto dozvoluvate i objavuvate zakani i navredi vo kementarite. Pa osven zakani sto moze da se ocekuva od muslimanite. Samo ako poinaku mislish od niv, tie vednas se radikalni. Jas neznam do koga evropa ce gi podrzuva. Koga ce se osvesti.
Од: ivan
Датум: 30.09.2008 00:58:08
A be torbes nizaeden od zirovnica od koga vie torbesite ste za islamot ,pa vie ste makedonci samo ste poturceni od turcite do koga ke vi se kazuva toa ,se prestavuvas od zirovnica jas sum od debar i mnogu znam koe naselenie zivee vo dolnorekanskiot kraj i ne kazuvaj bajki mnogu za deca ,nego ako ne znaes kakkvo poteklo imas a si branitel na radikalniot islam toagas bi trebalo da se preseles vo saudiska arabija zasto tamu ke mozes da bides vahabija i prav musliman ,tradicijata i obicaite i jazikot vi e makedonski edinstveno nesto sto ste go izgubile kaj vas torbesite e verata ,atoa sekoj eden go znae nastanalo pod nasilnoto poturcuvanje za vreme turskoto ropstvo,site sme ocevidci deka na balkanot islamistite vrsat pritisokot na site muslimani pocni od novi pazar kade dzamiite se pretvoreni vo radikalni islamisticki dvizenja protiv drzavite vo regionot ,toa e isto i vo makedonija site makedonci muslimani od dolno rekanskiot kraj preziminjata bea na makedonski sega gi smenale na turski

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Американски радар за предупредување од ирански ракети
Заобиколен грабнатиот брод во Сомалија
Медведев и' даде пет задачи на армијата
Дозволено кремирање во Грција и покрај отпорот на црквата
Мекејн и Обама изедначени во првиот ТВ-дуел
Убиена најславната полицајка во Авганистан
Кадиевиќ доби руско државјанство
Италијанската и бугарската мафија најмоќни во Србија
Обновена работата на нуклеарката „Јонгбјон“