Хипо не влегува во нашиот банкарски сектор
Хипо Алпе Адрија засега нема планови да откупи некоја од домашните банки, информираше Оливер Цинтл, генерален директор на компанијата. Тој потврди дека Хипо останува да работи во Македонија во два од трите сегменти од своите бизниси, лизингот и недвижностите, а за влез во банкарскиот сектор не се размислува. Компанијата е една од трите врвни компании во лизингот и има 32 процента пазарно учество во Македонија. По падот на лизинг-пазарот предизвикан од светската криза, во последните месеци е забележан позитивен тренд, а во компанијата очекуваат да продолжи и во иднина.
„Регистриран е пад од 37 проценти во 2009 година во продажбата на автомобили, во однос на претходната година. Сепак, со завршувањето на дозволата за увоз на стари возила, пазарот се раздвижува, а очекуваме уште подобри резултати“, велат во компанијата. „Повлекувањето на Хипо од некои земји од регионот не се одразува врз работењето во Македонија“, нагласи Цинтл. (С.Н.)
|