Граѓаните не можат да ги платат сметките навреме, за што ЕВН пресметува камата
Маја Томиќ
„Сметките за струја секој месец доцнат, никогаш не ги добивам навреме.
Најрано што стасале е два-три дена до истекот на предвидениот рок за плаќање, па морам да брзам да ја извршам уплатата зашто останува малку време и ако не побрзам, ЕВН ќе ми се пресмета камата на следната сметка“....
„Во континуитет ги добивам новите сметки неколку дена откако е веќе поминат рокот за уплата и автоматски секој месец плаќам камата за задоцнето плаќање. Не дека е таа многу висока, по неколку денари е, но зошто да ги давам парите ? Не сум виновна што не е дојдена сметката навреме на моја адреса. Што направи вака ЕВН со доставата преку пошта, порано кога инкасатори ги носеа сметките, се' беше некако поорганизирано и многу поредовно“...
Ова се најчестите реакции што можат да се слушнат од граѓаните последниве мес��ци. Односно, откако „ЕВН Македонија“ реши сметките за струја да не ги доставуваат лица од компанијата, туку да го прави тоа „Македонска пошта“. Тоа беше во април годинава кога од ЕВН соопштија дека склучиле договор со „Пошта“ и дека се надеваат на добра соработка со нив.
Но, жалбите од граѓаните до ЕВН се засилија токму од тој период наваму, што значи дека „Пошта“, очигледно, не го положи испитот. Во изминатите месеци се покажа дека тие немаат доволно капацитет навреме да ги испорачуваат сметките за струја, според договореното со ЕВН. Граѓаните забележуваат и дека сметките веќе не им се доставуваат од истите поштари, туку од некои непознати, надворешни лица, кои воопшто не го познаваат теренот за наплата, така што често се случува сметката и воопшто да не стигне на вистинската адреса.
Од „ЕВН Македонија“ немаат официјален коментар за досегашната соработка со „Македонска пошта“. Кратко велат дека се обидуваат секој проблем во нивните меѓусебни односи да го решаваат согласно со склучениот договорот меѓу двете компании.
Сепак, како што дознаваме неофицијално, ЕВН веќе во неколку наврати сериозно реагирала до „Пошта“ поради нивната неажурност и ги покривала колку што можела недостатоците, со тоа што не им пресметуваше камата на граѓаните за дополнителни 14 дена задоцнето плаќање од пропишаниот рок за наплата. Исто така, при крај е и двомесечната кампања на ЕВН за плаќање на нетужените сметки од последната година, при што не се наплатува каматата за задоцнувањето.
Иста така, неофицијално дознаваме дека ЕВН е секојдневно претрупано од жалбите на граѓаните поради доцнењето на сметките и дека веќе сериозно се размислува да се прекине соработката со „Пошта“, доколку и натаму компанијата продолжи да се однесува како и досега.
Од службата за информирање на „Македонска пошта“ велат : „Свесни сме дека во одредени реони има проблеми со доставата на сметките за струја, односно дека се доцни и по неколку дена и граѓаните реагираат поради тоа. Се обидуваме да го решиме проблемот, а имаме формирано и работна група со ЕВН за да се најде соодветно решение. „Македонска пошта“ веќе има испратено барање до Министерството за финансии за вработување на одреден број поштари и се' уште чекаме одговор од нив. Со поголем број лица што ќе ја разнесуваат поштата, односно сметките за електрична енергија, се надеваме дека ќе се надмине оваа досегашна состојба и дека веќе нема да има доцнења во некои подрачја во земјава“.
EVN gi izbrka inkasatorite (pardon, site moraa da podnesat baranje za prekin na rabotniot odnos i da dobijat minimalno obestetuvanje). Sklucile dogovor so Posta i go resile problemot so smetkite??!! Posta nema dovolno postari??!!. Smetkata stignuva denes so rok za plakanje vcera. Cenata na seto ova go plakaat graganite. BRAVO ZA EVN!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: вераг
Датум: 13.10.2010 15:37:06
Мене сметка ми каснеше цел месец,така да во еден месец морав да платам 2 сметки. Поштата ќе ангажирала певеќе поштари, а зашто ЕВН да не ги ангажира своите инкасатори наместо да ги брка од работа,некои и со неколку години пред пензија ? Срамота!
Од: Хаос
Датум: 13.10.2010 15:49:35
Навистина ова што се случува со сметките, крајно не загрижува.Е сега нека пресмета некој колку пари од камата за ненавремено плаќање се собира ,ако се знае бројот на домаќинства во целата земја.Или е ова намерна ујдурма од ЕВН или ако нее, ЕВН нека си плати некоја агенција која навремено ќе ни ги носи сметките ,како што беше и порано ,пред новиот систем на „грабеж„.Дали некој во ЕВН води сметка колку фактури копии дневно се издаваат по градовите?Сигурно дека има сознанија ,но до ден денешен не малтретираат нас граѓаните да стоиме во ред пред шалтерите и да бараме копија фактура,наместо да ги санкционираат и ангажираат одговорните во пошта и да го решат овој гоооолем проблем .Или дилот е пола пола?
Од: Komentator
Датум: 13.10.2010 15:55:47
Potpolno se slagam so Makedonka...smetkata kasni tri dena od koga pomina valuten rok ..zatoa gospoda od EVN odsega BARAME DA NI GI DOSTAVUVATE SO POTPIS I DEN I CAS NA PRIMANJE...zosto na vasiot bezobrazluk mu nema kraj...!!!
Од: jasmina
Датум: 13.10.2010 16:15:00
Neazurnosta i drskosta na EVN e za prikaz. Smetkite za struja ( koi patem redovno gi plakam), na domasna adresa ne mi pristignuvaat veke 5 meseci, otkako e na sila nekoj nov sistem. I spored toj sistem navodno pogresno e sifrirana mojata adresa, koja e ista poveke od 30 godini. Duri toa i go prijavivme vo punktot uste vo mesec juli, no smetkite se uste ne pristignuvaat. Vo meguvreme smetkite na moja inicijativa gi plakam vo punktot kaj GTC, kade sto vo eden navrat duri i me "iskaraa" deka premnogu rano sum plakala.
Од: sale
Датум: 14.10.2010 10:46:15
Добро што некому и стигаат сметките. Откако го сменија системот на достава, ниедна сметка ми нема стигнато.
А зошто никој од вас новинарите не реагира на двојната наплата на таската за улично осветлување, во месецот кога го сменија системот за наплата????
Од: Лидија
Датум: 14.10.2010 11:25:04
Сите активности на ЕВН во оваа година ги влошија веќе постоечките услуги (новите газди или се неискусни или не знаат и не прашуваат). Го сменија софтверот, па направија страшни проблеми со веќе решена работа (делењето на сметките за струја од куќните совети). Исто така заради новата организација сите барања се праќаат во Скопје(за промена на адреса, за промена на име), па со месеци не се реализираат.
Тоа само покажува колку ги преценуваме странците, а се потценуваме самите.