Машки труп, чиј идентитет се' уште се утврдува, вчераутро околу 7 часот бил пронајден на шините од железничката пруга кај скопската населба Илинден. Според полицијата, телото на човекот на возраст од триесетина години бил забележан од машиновозач, кој управувал со товарен воз од Илинден кон Драчево. Безживотното тело лежело меѓу шините на пругата.
Според првичниот увид на полицијата, на телото од човекот биле забележани повреди, поради што не се отфрла можноста тој да бил удрен од воз во текот на ноќта. Полицијата работи на утврдување на идентитетот на починатиот и околностите под кои настапила смртта. (Г.А.)