Четиринаесетгодишно дете загина од струен удар додека косело трева во кумановското село Черкези. Според полицијата, трагедијата се случила завчера околу 18,30 часот додека Ќемаљ Ибраими ја косел тревата заедно со својот братучед во дворот на својот чичко. Во еден момент момчето паднало во бессознание до косилката. Веднаш притрчал таткото, кој го однел во болница. Но, било предоцна. (Х.Р.)