Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Потрага по убијците на момчето во Арачиново

Полицијата го истражува убиството на петнаесетгодишното момче од Арачиново, кое беше застрелано завчера попладне во чајџилница во скопското село. Првичните информации укажуваат дека убиството е извршено со огнено оружје, но колку куршуми завршиле во телото на момчето и дали во него пукале еден или повеќемина напаѓачи, дополнително ќе се утврдува, велат од МВР.

Суровото убиство се случи завчера околу 16,30 часот во кафе-клуб на улица „Антон Попов“ во скопското село Арачиново. Петнаесетгодишниот Љуљзим Лимани работел како келнер во чајџилницата на неговиот роднина Џељал Ајети, кој и' е познат на полицијата. Пред неговата куќа во два наврата претходно беа поставени бомби.

„Убиството, најверојатно, е извршено со употреба на огнено оружје, а напаѓачот пред да го напушти објектот одзел компјутер преку кој бил поврзан видеонадзорот на кафе-клубот“, објаснуваат во МВР. Телото на момчето, кое лежело во локва крв го пронашол негов роднина. Ранетиот веднаш бил пренесен во Градската болница во Скопје, но веќе било предоцна.

На местото на настанот е извршен увид, а по наредба на истражен судија, телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за откривање на сторителот и за расчистување на случајот. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 871 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Струен удар уби три крави во Прилепско
Протест на Ромите од Средорек поради двете исчезнати деца
Исчезна 17-годишна девојка од Струшко
Дете загина од струен удар косејќи трева
Машки труп пронајден на шини
Судиите-поротници го ставија протестот во мирување
Семејно насилство во Велешко