Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Струен удар уби три крави во Прилепско

ПРИЛЕП - Три крави се усмртени во прилепско Крушеани, откако вчера дошло до електрично празнење од трансформаторот што се наоѓа во центарот на селото. Семејството Ѓоргоски, во чија сопственост се кравите, се крајно вознемирени зашто до трансформаторот бил и нивниот деветгодишен внук Игор.

Детето заминало со кравите до селото, за потоа со овчарот да одат на пасење. Но, набрзо се вратило исплашено и не можело воопшто да зборува. „Рече само дека кравите паднале и почна да плаче. За малку, ќе настрадаше и детето “, вели мајката Каролина Ѓоргоска.

Дедото Радован Ѓоргоски најави тужба против ЕВН. „Фала му на Бога што детето ни е здраво и живо. Но, околу 6. 000 евра ми требаат за да купам други крави, а каде да најдам пари? Никој дома не е вработен. Од кравите живеевме, а сега ќе немаме пари да си ги школуваме децата “, вели дедото Радован.

Дека имале проблем со напојувањето од трансформаторот, потврдија и другите жители. „При секој поголем дожд се случува прекин во струјата. Редовно ги плаќаме сметките, но што вреди.. Еве што се случи, а можеше да биде и уште потрагично. Сме пријавувале во ЕВН, но тие не преземаат мерки“, реагираат жителите. Од ЕВН тврдат дека во Крушеани немало никаков проблем со заземјувањето. „ЕВН жали за настанот, екипите се на терен и утврдуваат која е причината за струјниот удар“, велат од ЕВН, тврдејќи дека немало никаква опасност за луѓето. (Мн.Т.)


#
Статијата е прочитана 923 пати.

Испрати коментар

Од: Opasno za cetvoroinozni ?!
Датум: 20.04.2010 00:37:08
Najcudna i najsmesna mi bese izjavata na edna od tv kuci, koja navodno ja dale " strucnjaci" od EVN, deka strujnoto praznenje od transformatorot bilo opasno samo za cetvoronozni zivotni , a ne i za dvonozni?! Znaci , ludje , pajki misirki i drugi pernati zivotni, pa i majmuni, ako odaat samo na dvete noze, prema tvrdenjeto na " strucnjacite" od EVN , ic da ne se plasat od elktricnoto praznenje. Izgleda so ovaa izjava od EVN sakaat site da ne " "majmunisaat'
Од: јас
Датум: 20.04.2010 11:27:59
До првиот коментатор. Ако нешто не знаеш немој да коментираш!! ВО електриката постои нешто што се нарекува НАПОН НА ЧЕКОР .Тоа е кога постои „течење“ на електрична струја низ почвата ,на секој сантиметар растојание постои раличен напон и тој опаѓа како се оди од центарот ( во случајот трансформаторот ) према периферијата.Ако трансформаторот бил да речеме 10КВ, тој напон се распределува до нула на некое растојание од трансформаторот.Е сега каде се четвороножните ( или двоножните и човекот ) тука?! Од предните нозе на кравите до задните ( или обратно , зависи како биле завртени кон или од трансформаторот ) се добила ЗНАЧАЈНА РАЗЛИКА НА НАПОНИТЕ , што довело до протекување на струја низ телото на кравата и до нивно усмртување.Детето одело со „ситни чекори“ и немало доволна разлика на напон , па не го усмртило!!

Најди! во Утрински
Хроника
Потрага по убијците на момчето во Арачиново
Протест на Ромите од Средорек поради двете исчезнати деца
Исчезна 17-годишна девојка од Струшко
Дете загина од струен удар косејќи трева
Машки труп пронајден на шини
Судиите-поротници го ставија протестот во мирување
Семејно насилство во Велешко