Седумнаесетгодишна девојка викендов исчезнала во струшкото село Октиси. Случајот го пријавила во полицијата нејзината мајка откако тинејџерката два дена не се вратила во семејната куќа. Според полицијата, станува збор за Санела Руфатовска, која за последен пат била видена дома на 17 април. Од СВР - Охрид информираат дека се работи на пронаоѓање на исчезнатата девојка и целосно расветлување на случајот. Притоа се проверува и можноста дали девојката заминала од дома поради љубовна врска. (Х.Р.)