Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Судиите-поротници го ставија протестот во мирување

Најголемиот број од судиите-поротници кои вчера утро на неколку часа ја прекинаа работата, по разговорите со претседателите на двата скопски суда, протестот го ставија во мирување и се вратија во судниците. На средбите со првите луѓе на двата Основни суда било договорено поротниците да се вратат на своите работни места, а во меѓувреме, да продолжат преговорите со Министерството за правда, по барањата што тие минатиот петок ги доставија на увид на јавноста. Поротниците бараат дневниот надоместок наместо 125 денари, да не биде вратен на 200, туку да се зголеми на 500 денари, зголемување на старосната граница да изнесува 64 години старост, како и ретроактивна исплата на сите долгувања, започнувајќи од први јануари годинава. Претставници на судиите поротници во саботата одржале средба со надлежните од Министерството за правда, односно со државниот секретар, со судиите од Републичкиот судски совет и со претседателите на двата основни суда во Скопје. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 276 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Потрага по убијците на момчето во Арачиново
Струен удар уби три крави во Прилепско
Протест на Ромите од Средорек поради двете исчезнати деца
Исчезна 17-годишна девојка од Струшко
Дете загина од струен удар косејќи трева
Машки труп пронајден на шини
Семејно насилство во Велешко