Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Партизан го полни „Филип Втори“

Од Шкендија велат дека постои невиден интерес за утрешниот меч и покрај убедливиот пораз од 4:0 во Белград

Сашко Ѓ. Димовски



Раководството на македонскиот фудбалски првак Шкендија најавува полни трибини на националната арена „Филип Втори“ утревечер (20.45 ч.) во реванш дуелот против Партизан во второто квалификациско коло за Лигата на шампиони на УЕФА. Ќе ги исполнат фанови само на домашниот состав, гостински навивачи ќе нема според договорот меѓу двата клуба, министерствата за внатрешни работи на Македонија и Србија, генералните секретари и комесарите за безбедност како што ги немаше и на „Хумска“ во првиот меч.

Од таборот на тетовци велат дека постои невиден интерес за мечот и покрај убедливиот пораз со 4:0 во средата во Белград и формалниот карактер на возвратните 90 минути. На „Филип Втори“ утре фудбалерите на Шкендија ќе имаат поддршка од своите симпатизери „Балисти“, но и од фанови и навивачки групи од други градови во Македонија, Косово, Албанија, Јужна Србија и Албанци од дијас��ората. Сите тие ќе присуствуваат на стадионот во Скопје како „црвено-црни“, име на национална навивачка група што ги обединува Албанците.

Вчера напладне (12 часот) почна и продажбата на билетите за натпреварот. Влезница може да се набави и денеска до 20 часот и во текот на утрешниот ден од 10 часот до 20 часот на билетарницата на „Филип Втори“ во Скопје и во „Фан Шоп Шкендија“ во Тетово. Бидејќи мечот е прогласен за високоризичен раководството на Шкендија, во соработка во МВР, ги презема сите неопходни мерки на безбедност за елиминирање и на најситната можност за инцидент. Со секој купен билет ќе се врши и евиденција на лицата на продажните места (име, презиме, број на лична карта) и притоа секој поединец ќе може да дојде до најмногу пет влезници за мечот. Цената на влезниците за источната и западната трибина ќе биде 200 денари, за северната и јужната по 300 денари.

Забрането е внесување на реквизити во стадионот како дрес, маичка, шал, капа, знаме што ќе симболизираат на гостите од Белград. На лицата со таков декор ќе им биде оневозможен влез на „Филип Втори“ и во случај да имаат обезбедено влезници. Воедно управата на Шкендија апелира до своите навивачи за фер и коректно навивање, ги повикува да создадат позитивна атмосфера и да не подлегнуваат на евентуални провокации што би продуцирале насилничко однесување што ќе биде фатално по прволигашот од Тетово.


#
Статијата е прочитана 1293 пати.

Испрати коментар

Од: saso
Датум: 18.07.2011 09:24:34
Ima li nekade vo svet osven vo Mk kade sto ne mozes da vneses dres,maica,sal,zname bez drven predmet.Stramota
Од: Stojko
Датум: 18.07.2011 14:08:00
Dokolku e navistina taka kako sto napisal novinarot, sa vnesuvanje na obelezja na gostite (samo na gostite?) togas poglupa odluka ne mozela da bide donesena.
Од: grobari aerodrom
Датум: 18.07.2011 18:48:06
Da ne treba navijacite na Partizan da navivaat za Shkendija??? Za da bidat pusteni da go gledaat svojot tim? E Makedonijo zemljo raspala....Ne mozesh da garantirash bezbednost za 2000 lugje...Dovcerashni brakja....ccccc

Најди! во Утрински
Спорт
Разговорите со Аугенталер продолжуваат
Веклер изненадува на Пиринеите
Кошаркарите од денеска на тренинг во Охрид
Копа Америка остана без домаќинот Аргентина!
Винокуров ја заврши кариерата
П��т прволигаши со нови тренери
Младинките на дното во Охрид
Педроса победник во Германија

"""