Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Веклер изненадува на Пиринеите

Французинот ја зачува жолтата маичка и по 14. етапа на Тур де Франс, во која славеше Белгиецот Ванендерт

Французинот Томас Веклер го зачува водството во вкупниот поредок на Тур де Франс откако очекуваната битка на падините на Плато де Беје се претвори во се' друго освен натпревар меѓу фаворитите. Белгиецот Желе Ванендерт ја искористи играта на чекање на главните конкуренти на Пиринеите и ја однесе победата во 14. етапа од Сан Гауденс, долга 168,5 километри, оставајќи му го второто место на Шпанецот Самуел Санчез, кој пред два дена во Луз-Ардиден финишира пред него. Санчез стигна на целта 21 секунда по членот на Омега Фарма Лото, кој нападна седум километри до крајот и стана првиот Белгиец што освоил планинска етапа на Тур по Лусиен ван Импе пред 30 години. Луксембуржанецот Енди Шлек отспринтува во финишот до третото место со заостанување од 46 секунди во однос на победникот, но и само две секунди пред другите големи имиња што финишираа заедно во група.

„Штета. Ова ме потсетува на 2009 година, кога само Енди и јас се обид��вавме. Овој пат бевме само ние двајца и Италијанецот Иван Басо, а другите внимаваа еден на друг“, сумира брат му на Енди, Франк, кој остана втор севкупно со заостаток од 1:49 минути во однос на Веклер. „Воопшто не сум изненаден од тоа што го прави Веклер. Тој е голем шампион и е во голема форма. А жолтата маичка дава и дополнителна мотивација“.

Веклер се промовира во силен возач на Пиринеите и делува како предодреден на жолтата маичка најмалку до Алпите.

„Навистина не знам што да кажам. Навистина сум изненаден. Го досегнав мојот лимит, но имав впечаток дека и другите ги достигнаа своите граници“, изјави Французинот, чиј што најдобар резултат во последните девет учества на Тур де Франс беше 18. место во 2004 година.

На 32-годишникот никогаш не се гледало како на чист искачувач, но тој изгледаше најсвежо при последното искачување во групата во која беа и браќата Шлек, потоа Австралиецот Кадел Еванс, Басо и трикратниот освојувач на трката Алберто Контадор.

„Се надевав само дека ќе ја зачувам маичката за неколку секунди, но секако дека не очекував да останам заедно со фаворитите“, призна Веклер.

Остана нејасно дали возењето на французинот ја одразува неговата сила во моментов или премногу претпазливиот пристап на фаворитите од пред трката. Акцијата во тоа што се сметаше за решавачка етапа почна дури во последните 10 км, кога Енди Шлек изврши неколку напади, сите од нив толку предвидливи што беа речиси веднаш неутрализирани. Басо исто така се обиде да ја зголеми возбудата во завршните пет километри, но без ефект. Во тој момент Ванендерт сфати дека тоа би можело да биде негов ден.

„Мојот напад не беше исклучителен. Јас само имав среќа што фаворитите внимаваа еден на друг“, изјави тој.

Веклер, реално, не изгледа способен да го освои Тур, но Еванс, трет севкупно и 2:06 секунди зад Французинот, се издвојува како конкурент со можеби најдобра позиција. Директорот на неговиот тим БМЦ рејсинг ја објасни стратегијата на денот: „Видовме дека сите фаворити се на исто рамниште. Тие останаа претпазливи, плашејќи се да не бидат изненадени со контранапад. Тоа беше идеална позиција за нас“.

Положбата на Контадор, пак, е далеку од идеална. Тој финишира заедно со своите главни ривали, но се чинеше немоќен да го забрза темпото и да нападне во обид да го намали заостанувањето од четири минути.

„Закрепнувам се' подобро и подобро. Ќе беше подобро да бидам способен да победам. Не сакам да се тркам вака, тоа не е мојот стил. Ќе се обидам да спечалам време на Алпите“, изјави Шпанецот, кого минатата седмица се бореше и со повредата на коленото.

Уште една трка против часовникот се одвиваше на опашката на трката. Британецот Марк Кевендиш, победник на три етапи годинава и носител на зелената маичка, се мачеше доста при искачувањата и заврши 27 минути зад победникот, одвај во рамките на временското ограничување.

Резултати од 14. етапа: Желе Ванендерт (Белгија/Омега) 5:13,25 ч., Самуел Санчез (Шпанија/Еускалтел) +21 секунда, Енди Шлек (Луксембург/Леопард) +46 секунди итн.

Вкупен поредок: Томас Веклер (Франција/Јуропкар) 61:04,10 ч., Франк Шлек (Луксембург/Леопард) +1:49 минути, Кадел Еванс (Австралија/БМЦ) +2:06 минути итн.


#
Статијата е прочитана 204 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Разговорите со Аугенталер продолжуваат
Кошаркарите од денеска на тренинг во Охрид
Копа Америка остана без домаќинот Аргентина!
Партизан го полни „Филип Втори“
Винокуров ја заврши кариерата
Пет прволигаши со нови тренери
Младинките на дното во Охрид
Педроса победник во Германија

"""