Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Разговорите со Аугенталер продолжуваат

На првата средба со Германецот не падна договор за преземање на фудбалската репрезентација на Македонија

Миодраг Мицковиќ



Неизвесноста околу името на новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија продолжува. Иако во текот на вчерашниот ден раководните луѓе на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Харалампие Хаџи-Ристески и генералниот секретар Игор Климпер, се сретнаа со еден од најсериозните кандидати за наследник на Мирсад Јонуз, Германецот Клаус Аугенталер, се' уште нема ништо конкретно околу неговиот евентуален ангажман. Разговорите требаше да продолжат и доцна синоќа, веројатно ќе продолжат и претпладнево, а вечерва двајцата челници на ФФМ се враќаат во Скопје, кога ќе биде познат епилогот од тие разговори.

За утре е закажана седница на Управниот одбор. Ако повеќето членови се на годишен одмор, тие ќе бидат телефонски консултирани и запознати со разговорите, но одлуката за новиот селектор може да ја донесе и Комитетот за итност.

Околу разговорите со Аугенталер нема многу информации. Се' е обвиено со таинственост. Дали Аугенталер е задоволен од понудените услови, какви се неговите услови, никој не кажува. Сите наши обиди да стапиме во контакт со поранешниот македонски репрезентативец Саша Ќириќ не дадоа плод, бидејќи тој, едноставно, не се јавуваше на неговиот мобилен телефон. Ќириќ беше присутен на разговорите со Германецот и сигурно знае многу повеќе како се одвиваа тие, бидејќи тој беше и иницијатор да се сретнат луѓето од ФФМ со Аугенталер.

Челниците на Македонската федерација треба телефонски да се слушнат и со Чедомир Јаневски и го повикаат на средба во Минхен, но контактот не беа воспоставен поради големото невреме што владееше во Белгија, поради кое речиси сите телефонски линии беа во прекин.

„Дали ќе разговараме со Јаневски ќе зависи од исходот на разговорите со Аугенталер“, ни рече генералниот секретар Климпер. „Засега, сите опции се отворени. Ништо конкретно не е договорено. Можеби вечерва (синоќа - н.з.), по втората рунда на преговорите, ќе се знае нешто повеќе“.

Како што сега стојат работите, доколку првите луѓе на ФФМ најдат заеднички јазик со Аугенталер, разговорите со Јаневски, со Мирослав Ќиро Блажевиќ и со Алан Жирес отпаѓаат.

Како и да е, за неколку дена, најдоцна до среда, ќе биде познато името на наследникот на Јонуз. Според тоа што успеавме да го дознаеме, сепак, Аугенталер е најблиску до таа функција.


#
Статијата е прочитана 656 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Веклер изненадува на Пиринеите
Кошаркарите од денеска на тренинг во Охрид
Копа Америка остана без домаќинот Аргентина!
Партизан го полни „Филип Втори“
Винокуров ја заврши кариерата
Пет прволигаши со нови тренери
Младинките на дното во Охрид
Педроса победник во Германија

"""