Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Кошаркарите од денеска на тренинг во Охрид

Сите 16 играчи од списокот за ЕП во Литванија ги поминаа медицинските тестови

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија од денеска до петок во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид ќе ја одработи втората фаза од подготовките за Европското првенство во Литванија, кое ќе се одржи од 31 август до 18 септември. По еднонеделните тренинзи во „Борис Трајковски“, 16 играчи од потесниот список на селекторот Марин Докузовски ги поминаа и медицинските тестови, па во Охрид ќе можат да бидат подложени на поинтензивни напори.

В сабота се патува за Словенија, каде што во Птуј ќе бидат одиграни контролни натпревари со домашната селекција и со Полска. Оттаму се продолжува за Италија на турнирот во Бормио на 29 и 30 јули, на кој, покрај домаќинот, ќе учествуваат и Бугарија и Канада. Од 1 до 4 август повторно ќе се тренира во Скопје, за наредниот ден одново да се замине за Словенија на турнирот на ексјугословенските републики во Љубљана. По него следуваат завршните подготовки во Скопје, кои од 19 ��о 21 август ќе бидат разбиени со „Трофеј на Македонија“, на кој противници ќе ни бидат Бугарија, Црна Гора и Нов Зеланд по тој редослед.

За Литванија се заминува на 29 август, а два дена подоцна Македонија ќе стартува на ЕП против Црна Гора. Во рамките на групата Ц од прелиминарната фаза во Алитус најдобрите македонски кошаркари ќе ги одмерат силите и со Хрватска, потоа со победникот од августовскиот дополнителен квалификациски турнир на кој ќе играат Финска, Унгарија и Португалија, како и со Грција и со Босна и Херцеговина. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 313 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Разговорите со Аугенталер продолжуваат
Веклер изненадува на Пиринеите
Копа Америка остана без домаќинот Аргентина!
Партизан го полни „Филип Втори“
Винокуров ја заврши кариерата
Пет прволигаши со нови тренери
Младинките на дното во Охрид
Педроса победник во Германија

"""