Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Копа Америка остана без домаќинот Аргентина!

Уругвај подобар во ударите од белата точка со 5:4, откако по основниот дел четврт-финалниот меч заврши 1:1

Фудбалската репрезентација на Уругвај се пласира во полуфиналето на Копа Америка по победата над домаќинот на турнирот, Аргентина, со 5:4 на пенали. Мечот во регуларното време заврши 1:1, немаше голови ниту во продолженијата, а обата тима на крајот останаа со играч помалку на теренот. Уругваецот Диего Перез доби втор жолт картон во 38 минута, Маскерано, пак, поцрвени во 87. минута. Стрелци на головите од игра беа Перез за Уругвај во 6 минута и Игуаин во 17. минута за Аргентина.

„Срамота. И Меси повторно не ја одведе Аргентина до успех“, само се некои од написите во аргентинските медиуми по елиминацијата на „гаучосите“ од кои нацијата очекуваше континентална титула на домашен терен по 1993 година. Аргентинците се посебно гневни на најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, кој нема постигнато гол за националниот состав од март во 2009 година. Дуелот во Санта Фе го одбележа нервозна игра и извонредна претстава на Уругвајците со играч помалку, особено во одбрана.

„Ова е голем удар за Аргентина, но јас планирам да продолжам со селекторската работа. И онака наша цел е Светското првенство во 2014 година“, порача селекторот на Аргентина, Габриел Батиста, чиј тим во ова издание на фудбалското првенство на Јужна Америка ремизира трипати и славеше само над просечната Костарика.

Противник на Уругвај во полуфиналето на Копа Америка 2011 ќе биде репрезентацијата на Перу која триумфира над Колумбија, по продолженија, со 2:0 што исто така претставува изненадување. Автори на перуанскиот успех беа фудбалерите за врска, Карлос Лобатона во 102 минута и Хуан Варгас во 112 минута од четврт-финалната пресметка во Кордоба. Колумбијците имаа прилика за водство во 66 минута, но напаѓачот Радамел Фалкао шутираше покрај голот од белата точка.



ШвеЃанките бронзени на СП

во ГерманиJа



Шведска го освои бронзениот медал на Светското првенство во фудбал за жени во Германија. Во дуелот за трето место Швеѓанките беа подобри од Франција со 2:1. Творци на победата беа Лота Шелин во 29 минута и Марија Хамарстром во 81 минута. Единствениот за „триколорките“ беше дело на Елоди Томи во 56 минута. Шведска во меѓувреме остана со фудбалерка помалку на теренот по исклучувањето на Жозефина Еквист во 75 минута. За скандинавската селекција ова е втор бронзен медал на мундијалите по оној во 1991 година додека на првенството во 2003 година загубија во финалето.



Пет севернокореЈки допингувани на мундиЈалот



Пет фудбалерки на Северна Кореја беа допингувани на Светското првенство во Германија што завршија со синоќешното финале меѓу САД и Јапонија. Кај нив беше утврдено присуство на забранети стероиди, јави Светската фудбалска асоцијација, ФИФА.

Но, во таборот на Северна Кореја тврдат дека позитивниот допинг наод е последица од користењето на препарати од традиционалната кинеска медицина што им беа давани на фудбалерките за опоравување по ударот на гром во нивниот тренинг камп.

Северна Кореја беше елиминирана уште во првиот круг натпревари на СП во Германија по поразите од САД и Шведска и ремито со Колумбија.

Тотенхем нуди 17 милиони евра за ВуЧиниЌ



Англискиот премиерлигаш Тотенхем влезе во преговори со Рома за трансфер црногорскиот напаѓач Мирко Вучиниќ (27) кој изјави дека сака да го напушти тимот од Рим.

Менаџерот на спарси, Хари Редкнап, има цел да доведе двајца напаѓачи пред почетокот на новата сезона бидејќи изрази незадоволство од сегашната офанзивна постава. Клубот е подготвен да ги продаде сите четворица голгетери, Џермејн Дефо, Питер Крауч, Роман Павлјученко и Роби Кин, но проблем засега е што нема вистински понуди за нив.

Тотенхем нуди 17 милиони евра за Вучиниќ, а Рома досега бараше отштета од 20 милиони. Но, италијанските медиуми оценуваат дека до договор, сепак, може да дојде.



Денилсон се враЌа во Сао Паоло



Играчот за врска на Арсенал, Денилсон, во наредната сезона ќе биде позајмен во Сао Паоло. Бразилецот изрази желба да го напушти Лондон поради поголема минутажа и најверојатно ќе се врати во клубот во кој ја почна својата кариера.

„Се е договорено. Тој веќе е на пат кон дома и многу е среќен за тоа“, рече извор близок до Денилсон.



Нов договор за 41-годишниот

капитен на Глазгов



Управата на Глазгов Ренџерс реши да го награди капитенот Дејвид Вир (41) со нов едногодишен договор. На „Иброкс парк“ тој пристигна во 2007 година од тимот на Евертон. Ренџерси успеаја да го вратат дефанзивецот Карлос Куелјар кој замина од Астон Вила.



ХаЈнце пред трансфер во Рома



Габриел Хајнце стана стана слободен агент по завршувањето на сезоната. Во потрага е по нов ангажман што ќе му овозможи продолжување на престојот во Европа. Според пишувањата на медиумите Аргентинецот, поранешен член на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Рома, а трансферот кај „волчицата“ може да биде затворен уште во текот на утрешниот ден.



Челзи си купи голман од Генк



Младиот голман на Генк, Тибо Куртоа (19), деновиве ќе потпише петгодишен договор со екипата на Челзи. Чуварот на мрежата на белгискиот првак ќе замине на „Стемборд Бриџ“ за сума од 9 милиони евра.

„Челзи ме гледа како наследник на Петер Чех. Нема да го наследам за година или две, можеби за три до четири сезони“, рече Куртоа.


#
Статијата е прочитана 427 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Разговорите со Аугенталер продолжуваат
Веклер изненадува на Пиринеите
Кошаркарите од денеска на тренинг во Охрид
Партизан го полни „Филип Втори“
Винокуров ја заврши кариерата
Пет прволигаши со нови тренери
Младинките на дното во Охрид
Педроса победник во Германија

"""