Македонија со 11 члена на СП во Англија
Македонска репрезентација составена од 11 члена ќе учествува на Светско првенство во риболов што ќе се одржи од 4 до 10 октомври во местото Витни, 30 километри од Оксфорд, Англија, во дисциплината „Лов на риба со јадица на дно“.
На популарно нареченото Крапско светско првенство се очекува присуство на натпреварувачи од преку 25 земји. Експедицијата од Македонија очекува висок пласман во Оксфорд како што беше случај и лани кога на СП во Барботан, Франција, го освои осмото место. |