Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Јосип Куже претрпе мозочен удар

Хрватскиот фудбалски стручњак на клупата на албанската репрезентација, Јосип Куже (57), претрпе мозочен удар и веднаш беше хоспитализиран во Американската болница во Тирана, објавуваат медиумите кај нашиот западен сосед.

„Засега не е позната тежината на ударот, но штом ќе му се стабилизира состојбата, Куже ќе биде транспортиран со авион во Загреб“, изјави Алиса Демолари, портпаролка на албанското Министерство за здравство.

Поранешниот тренер на загрепски Динамо го презеде кормилото на репрезентацијата на Албанија во мај минатата година по оставката на Холанѓанецот Ари Хан. Под негово водство Албанците забележаа одличен старт во квалификациите за Европското првенство во 2012 година. По воведните две кола, лидери се во групата Д со четири бода колку што има и Белорусија. Зад нив се селекциите на Франција со 3, БиХ (3), Романија (2) и Луксембург (0).

Албанија ќе биде последниот противник на нашиот најдобар фудбалски тим во 2010 година. Фудбалските федерации на двете земји постигнаа договор за тест, кој е закажан во Корча на 17 ноември. (С.Д.)


#
Статијата е прочитана 719 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Лошата серија прекината против Парагвај
Нова европска авантура за Металург
Педроса ја скрши клучната коска
Дел Нери
Македонија со 11 члена на СП во Англија
Пелистер почнува од Луксембург
Спорт на ТВ
Меси ја доби Златната копачка
Србија ја „растури“ Куба






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma