Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Лошата серија прекината против Парагвај

Победа од 3-1 во претпоследното коло на Шаховската олимпијада, дамите одиграа 2-2 со Гватемала

Роберт Димитриевски

Најдобрите македонски шахисти го прекинаа постот од три натпревари без победа, совладувајќи го Парагвај со 3-1 во десеттото и претпоследно коло на 39. Олимпијада што в недела завршува во рускиот град Ханти Мансијск. Оправданата улога на фаворит на 43. состав на почетната табела против 84. репрезентација по ранг меѓу 149 на турнирот ќе ја искачи Македонија десетина места над 66., на кое се наоѓаше пред ова коло.

Избраничките на капитенот Ристе Менкиноски, пак, го продолжија ремизерскиот тренд со третиот нерешен резултат во низа, вкупно четврти на турнирот, овој пат со Гватемала, селекција рангирана 14 места подолу од 63. стартна позиција на македонската. Десеттиот меч-бод и 19 поени по табли ги задржаа дамите околу 65. место од пред ова коло, а во конкуренција на 115 тима.

Велемајсторот Владимир Георгиев (2573) го отвори резултатот со бели фигури на првата табла против интермајсторот Хосе Фернандо Кубас (2463), искористувајќи ги пешакот повеќе и тешкиот цајтнот на противникот. По него славеше ВМ Звонко Станојоски (2485) на третата табла против ФИДЕ-мајсторот Гилјермо Васкез (2166), и тоа со пресврт откако во средишницат�� имаше два пешака помалку. ИМ Филип Панчевски (2410) го обезбеди триумфот со сигурна игра на последната табла против ФМ Едуардо Пералта (2266), каде што му заврши работа истрчаниот пешак на б-линијата. На крајот ВМ Никола Митков (2531) и' дефинитивно се прости од шансите за медал , откако во средишницата од дуелот на втората табла зеде два топа за дама, што во финишот се покажа лоша размена против ФМ Мануел Латоре (2284).

По трите победи во низа, Бојана Бејатовиќ (1891), која го имаше почетниот потег на последната табла, претера со жртвите против Силвија Сотомајор (1777), што ја чинеше четврти пораз на турнирот и водство за Гватемала. Потоа, со идентичен материјал на таблата и со израмнети позиции поенот го поделија ЖИМ Габриела Коскоска (2142) со ЖИМ Каролина Мазариего (2086) на првата табла, односно Катерина Јоноска (2012) со Клаудија Менкос (1912) на втората. Моника Стојковска (1928) го постави конечниот резултат откако Хулиса Фигероа (1792) по долго „пимплање“ се помири со тоа дека не може да се извлече со фигура и пешак помалку.

Резултати од претпоследното коло, мажи: Украина - Франција 2,5-0,5; Кина - Русија (1) 1,5-2,5; САД - Израел; Шпанија - Грузија 3-1; Србија - Полска 1-3; Чешка - Ерменија 1,5-2,5; Унгарија - Белорусија 3-1; Чиле - Русија (2) 1-3 итн.

Пред последното коло води Украина со 18 меч-бода пред првиот тим на Русија, кој има еден помалку.

Георгиев - Кубас

1. д4 д5 2. Сф3 Сф6 3. ц4 ц6 4. ц:д5 ц:д5 5. Сц3 Сц6 6. Лф4 Лф5 7. е3 е6 8. Дб3 Лб4 9. Се5 Дб6 10. ф3 Сх5 11. С:ц6 б:ц6 12. Лг5 х6 13. Лх4 е5 14. О-О-О Сф6 15. Лд3 Л:д3 16. Т:д3 Тб8 17. Дц2 Сд7 18. Лг3 Да6 19. Л:е5 С:е5 20. д:е5 О-О 21. Са4 Тб5 22. а3 Ле7 23. Кд2 Тфб8 24. Тц1 ц5 25. Т:д5 Тб3 26. Де4 Лд8 27. Ке1 Ла5+ 28. Кф2 Лб4 29. Тцд1 Тф8 30. Тд8 Ла5 31. Т:ф8+К:ф8 32. Да8+ 1-0


#
Статијата е прочитана 380 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Нова европска авантура за Металург
Педроса ја скрши клучната коска
Дел Нери
Македонија со 11 члена на СП во Англија
Пелистер почнува од Луксембург
Спорт на ТВ
Меси ја доби Златната копачка
Србија ја „растури“ Куба
Јосип Куже претрпе мозочен удар






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma