Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Нова европска авантура за Металург

Нашиот ракометен шампион денес игра против БГК (Белорусија) во гости во Купот на ЕХФ

Миодраг Мицковиќ

Ракометарите на Металург денес ја започнуваат новата европска авантура, велиме авантура поради нивниот неуспех да се пласираат во група во Лигата на шампиони како прваци на Македонија. Во Порто беа дури последни во квалификационата група кога претрпеа два пораза од Запорожје (Русија) и од Динамо Минск (Белорусија), додека со Порто одиграа нерешено.

По овие катастрофално лоши резултати, четата на познатиот светски тренер Лино Червар, кој не се прослави многу на меѓународната сцена откако е во Металург, нашиот шампион ќе ги продолжи натпреварите во ЕХФ Купот, втор по рангот во Европската ракометна федерација.

И веднаш по стартот, нашиот шампион ќе има тешка задача, бидејќи противникот - една од најдобрите екипи во Белорусија БГК од Брест ќе биде сериозен испит за металурзите.

БГК е тим што заедно со Динамо од Минск води главен збор во првенството на Белорусија, дури по квалитетот се изедначени. Освен тоа, во Порто Металург загуби од Динамо со 27:21, убедливо и токму затоа ракометарите на Металург ќе мораат да играат многу подобро отколку на последниот квалификационен турнир во Порто. Единствена предност на Металург е што реваншот ќе го играат за една недела во Скопје, но сето тоа ќе зависи и од денешниот резултат во првиот меч.

Во клубот не сакаат многу да зборуваат за средбата со БГК, се' уште се под импресија на слабите игри во Порто. Колку е сега Металург во форма и подготвен за нови тешки натпревари на меѓународната сцена тешко е да се каже, бидејќи во домашното првенство, освен Вардар Про со кого се' уште немаат играно, другите противници служат само за загревање и тренинг. Тоа го покажа и последниот меч со Прилеп (38:19), кога Лино Червар ги одмораше браќата Мојсовски, Ангелов, Алушевски, Шмигиќ...

- Ние сме малку хендикепирани бидејќи немаме многу податоци за нашиот прв противник во Купот на ЕХФ, ни рече пред патот Филип Миркуловски. Од друга страна БГК ги има сите снимени касети од нашите мечеви во Порто што ги добија од Динамо. Но, сигурно дека нема да ја повториме играта од тој несреќен турнир. Уверен сум дека сме поквалитетна екипа и дека ќе обезбедиме добар резултат за да можеме мирно да играме во реваншот.

Лино Червар не може да смета на комплетен тим за денешниот меч со непознат противник. Ќе недостасуваат повредените Златко Мојсовски, Левов и Шмигиќ. За Брест отпатуваа Ангелов, Митревски, Ракчевиќ, Димовски, Лазаров, Георгиевски, Миљак, Миркуловски, Марковски, Стоилов, Чурувија, Јоноски, Наумче Мојсовски и Алушевски.

Инаку, БГК во последното коло од првенството на Белорусија забележа победа против тимот на СКА од Минск (28:20). Најефикасен беше репрезентативецот Павел Башкин со осум гола додека четири постигна Глигориј Благонадежден, кој требаше во годинашнава сезона да игра за Вардар Про.

Во истиот куп Пелистер игра со претставникот на Луксембург, Дуделанж.


#
Статијата е прочитана 459 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Лошата серија прекината против Парагвај
Педроса ја скрши клучната коска
Дел Нери
Македонија со 11 члена на СП во Англија
Пелистер почнува од Луксембург
Спорт на ТВ
Меси ја доби Златната копачка
Србија ја „растури“ Куба
Јосип Куже претрпе мозочен удар






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma