Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Дел Нери: Требаше да го победиме Сити

Колото од Лига Европа во кое македонскиот интернационалец Дарко Тасевски доживеа дебакл со Левски на гостувањето кај Спортинг (0:5), а тренерот на ЦСКА Софија Ѓоре Јовановски беше поразен на свој терен од Порто (0:1), го обележа дуелот меѓу Сити и Јувентус (1:1).

Сити влезе во мечот со три бода, а Јуве со еден. Иако, градскиот ривал на попознатиот Јунајтед, важи за еден од најбогатите клубови во светот, не покажа некаков богат квалитет против Италијанците. Од друга страна Јувентус си е Јувентус (во каква фаза и да се наоѓа) па затоа дури е несфатливо зошто беше така потценет и од обложувалниците. Дека многумина ќе се излажат се покажа многу рано - Италијанците поведоа со атрактивниот гол на Јакинта по само 11 минути игра. Домаќините се обидуваа да израмнат, но тоа им успеа во 37 минута, по феноменалната акција што ја ефектуираше Џонсон.

Во вториот дел Сити имаше повеќе од играта, но некако остана да виси во воздух впечатокот дека и двата тима повеќе гледаа да не примат гол отколку да дадат. „Мислам дека одигравме квалитетно. Можеби и нашиот најдобар меч сезонава. Сметам дека требаше да ги совладаме“, изјави тренерот на Јуве, Луиџе дел Нери, чиј тим викендов го чека дерби дуелот со Интер.

„Не е лесно да се врзат два тешки меча со Сити и Интер. Деликатен мо��ент за нас, но ние сме среќни што остваривме добар резултат. Мора да продолжиме вака во континуитет“, посочи ветеранот, но се' уште одличен Алесандро дел Пјеро.



Резултати од 2.коло во Лига Европа



Група А: Лех - Салцбург 2:0, Сити - Јувентус 1:1

Табела: Сити 4, Лех 4, Јувентус 2, Салцбург 0

Група Б: Атлетико М - Леверкузен 1:1, Розенборг - Арис 2:1

Табела: Леверкузен 4, Розенборг 3, Атлетико 2, Арис 1

Група Ц: Гент - Лил 1:1, Спортинг - Левски 5:0

Табела: Спортинг 6, Левски 3, Лил 1, Гент 1

Група Д: ПАОК - Динамо Загреб 1:0, Вилјареал - Бриж 2:1

Табела: ПАОК 4, Динамо Загреб 3, Вилјареал 3, Бриж 1

Група Е: Бате Борисов - Алкмар 4:1, Шериф - Динамо Киев 2:0

Табела: Бате 4, Шериф 3, Алкмар 3, Динамо Киев 1

Група Ф: Палермо - Лозана 1:0, ЦСКА М. - Спарта Прага 3:0

Табела: ЦСКА М 6, Спарта П 3, Палермо 3, Лозана 0

Група Г: Хајдук - Андерлехт 1:0, Зенит - АЕК 4:2

Табела: Зенит 6, АЕК 3, Хајдук 3, Андерлехт 0

Група Х: Одензе - Штутгарт 1:2, Јанг Бојс - Гетафе 2:0

Табела: Штутгарт 6, Гетафе 3, Јанг Бојс 3, Одензе 0

Група И: Сампдорија - Дебрецин 1:0, Металист - ПСВ 0:2

Табела: Сампдорија 4, ПСВ 4, Металист 3, Дебрецин 0

Група Ј: Борусија Д - Севилја 0:1, ПСЖ - Карпати 2:0

Табела: ПСЖ 6, Борусија Д 3, Севилја 3, Карпати 0

Група К: Стеауа - Наполи 3:1, Утрехт - Ливерпул 0:0

Табела: Ливерпул 4, Наполи 2, Утрехт 2, Стеауа 1

Група Л: Рапид - Бешикташ 1:2, ЦСКА Софија - Порто 0:1

Табела: Порто 6, Бешикташ 6, Рапид 0, ЦСКА Софија 0


#
Статијата е прочитана 502 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Лошата серија прекината против Парагвај
Нова европска авантура за Металург
Педроса ја скрши клучната коска
Македонија со 11 члена на СП во Англија
Пелистер почнува од Луксембург
Спорт на ТВ
Меси ја доби Златната копачка
Србија ја „растури“ Куба
Јосип Куже претрпе мозочен удар






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma