Број 3397  сабота, 02 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Спорт

Педроса ја скрши клучната коска

Атаката на Дани Педроса на шампионската титула во Мото ГП сезонава заврши откако Шпанецот ја скрши клучната коска при пад на тренингот во Монтеги, каде што Валентино Роси беше најбрз. Педроса, кој беше единствениот мотоциклист со шанси да го престигне на табелата лидерот и сонародник Хорхе Лоренцо, доби „скршеница на клучната коска на три места“ по падот само шест минути од почетокот на тренингот во Јапонија.

Повредата речиси сигурно значи дека возачот на Репсол Хонда ќе ги пропушти следните три трки - во Монтеги викендов, во Сепанг наредната недела и во Коус, Австралија, една седмица потоа. Педроса е втор во вкупниот поредок со 56 поени помалку од Лоренцо, а до крајот на сезоната остануваат уште три трки и 125 поени за освојување.

Бранителот на титулата Роси во својот последен круг го забележа најдоброто време на тренингот, подобро за 0,213 секунди од тоа на тимскиот колега на Педроса, Андреа Довициозо. Лоренцо беше трет, со заостанување од 0,3 сек. зад Роси.


#
Статијата е прочитана 415 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Лошата серија прекината против Парагвај
Нова европска авантура за Металург
Дел Нери
Македонија со 11 члена на СП во Англија
Пелистер почнува од Луксембург
Спорт на ТВ
Меси ја доби Златната копачка
Србија ја „растури“ Куба
Јосип Куже претрпе мозочен удар






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma