Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Безобразниот конгресмен даде оставка

ЊУЈОРК - Повеќе не толку пркосен и не толку воинствен, конгресменот од Њујорк, Ентони Вајнер, во четвртокот трезвено ја објави својата оставка од Конгресот, потклекнувајќи на бесот во јавноста предизвикан од онлајн-разговорите набиени со сексуална тематика со поранешна порноактерка и други жени.

Лидерите на Демократската партија, загрижени дека Вајнер би можел да ја повлече партијата надолу на изборите во 2012 година, ја поздравија објавата по неколку дена минати во обид да го присилат, притиснат и, конечно, да го принудат каприциозниот 46-годишен конгресмен да се повлече. Познат како дрзок, либерален и амбициозен, Вајнер се кандидираше за градоначалник на Њујорк во 2005 година и се очекуваше да го повтори истото тоа. Тој го служеше седмиот мандат во Конгресот.

На настапот во Бруклин, што привлече дофрлувачи како и поддржувачи, Вајнер се извини „за личните грешки што ги направив и непријатностите што ги предизвикав“, особено кон својата сопруга Хума Абедин. Бремена со нивното прво дете, таа не беше тука како што беше пред десет дена, кога Вајнер прв пат призна дека испраќал недолични пораки и фотографии до жени преку интернет откако првично категорично негираше дека направил такво нешто. (АП)


#
Статијата е прочитана 712 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Строс Кан се жалел на тесните лисици
Последениот ас во ракавот на Папандреу?
По Осама, Завахири
Криминалци ја демнат Грција
Српските новинари во Ал Џезира мора да го признаат Косово
„Гардијан“ не се откажува од хартијата
Кампања против пушењето во Европа
Над 700 илјади странци добиле државјанство во држави од ЕУ
Пак се караат за Фокландските Острови
Над 15 земји ја шпионираат Шведска

"""