Над 700 илјади странци добиле државјанство во држави од ЕУ
Брисел - Повеќе од 700 илјади луѓе добиле во текот на 2009 година државјанство во некоја од членките на ЕУ, а најголем број се од Африка, објави Евростат.
Според тие податоци, 776.000 граѓани на држави кои не се членки на ЕУ добиле државјанство во некоја од државите-членки, а покрај Африка (29 отсто), голем број се од Азија (24 отсто) и од европски држави што не се во Унијата (22 отсто).
Најмногу државјанства дала Велика Британија (204 илјади), Франција (136 илјади) и Германија (96 илјади). Најмногу државјанства во членки на ЕУ добиле Мароканци, Турци, Индијци и Еквадоријанци. |