Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Српските новинари во Ал Џезира мора да го признаат Косово

Директорот на Ал Џезира, Горан Милиќ, на интервјуто за вработување новинари во Ал Џезира Балкан ги праша српските новинари дали Косово е држава и бараше одговор - да, пишува во вчерашниот број на српскиот „Прес“.

Милиќ изјави во разговорот за весникот дека тоа се прави затоа што мора да се знае како размислуваат н��винарите. „Поаѓаме од реалноста на овој простор дека еден одреден број држави го признаа Косово, а одреден број не го признаа“, вели Милиќ, додавајќи дека го поставуваат и прашањето дали во Либија се случува борба за демократија или војна за уривање на режимот на Гадафи.

„Имаме јасно утврдени стандарди, ова ќе биде телевизија во која новинарот не ги коментира настаните, туку пренесува суви вести и информации, а настаните ги коментираат признати интелектуалци и аналитичари, каде што секогаш ќе настојуваме да имаме два агла на гледање“, изјави тој.

Српскиот „Прес“ пишува и дека Ал Џезира му понудила на Жељко Митровиќ за 25 милиони евра да им ја продаде телевизија Авала. На овој начин преку националните фреквенции во Србија би одела програма на регионалната мрежа Ал Џезира Балкан, која наскоро треба да почне се емитување. (Индекс.хр)


#
Статијата е прочитана 1211 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 18.06.2011 18:24:40
Koj ..bi kazal nakgolemiot zagovornik na Jugoslavija da raboti za Al Dezeira...svetot sosema se svrte !!!

Најди! во Утрински
Свет
Строс Кан се жалел на тесните лисици
Последениот ас во ракавот на Папандреу?
По Осама, Завахири
Криминалци ја демнат Грција
„Гардијан“ не се откажува од хартијата
Безобразниот конгресмен даде оставка
Кампања против пушењето во Европа
Над 700 илјади странци добиле државјанство во држави од ЕУ
Пак се караат за Фокландските Острови
Над 15 земји ја шпионираат Шведска

"""