Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Строс Кан се жалел на тесните лисици

При апсењето првиот човек на ММФ сакал да се повика на дипломатскиот имунитет

Поранешниот прв човек на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан, поднесе жалба поради тоа што му ставиле лисици на рацете и во почетокот се повикал на дипломатскиот имунитет кога беше уапсен за сексуален напад во Њујорк, обелоденуваат официјалните докум��нти.

Транскриптите обелоденети од обвинителите во Њујорк откриваат детали за денот кога Строс-Кан беше уапсен на аеродромот ЏФК. Оттогаш тој поднесе оставка на функцијата во ММФ, пуштен е на слобода со кауција и престојува во Њујорк. Тој се изјасни за невин по обвиненијата за сексуален напад врз собарка во хотелот. Неговиот адвокат Бенџамин Брафман одби да го коментира објавувањето на транскриптите.

Транскриптите откриваат детали за тоа како вработените во хотелот и полициските иследници успеаја да го притворат Строс-Кан, додека тој се обидуваше да ја напушти земјата со авион на „Ер Франс“.

Како што претходно беше објавено Строс-Кан се јавил во хотелот „Софител“ во 15.30 часот по локално време велејќи дека го заборавил својот мобилен телефон. Додека полицијата го прислушуваше разговорот, од хотелот му било ветено дека ќе му биде донесен на терминалот на „Ер Франс“ на меѓународниот аеродром ЏФК. Наместо тоа, пристигна полицијата за да го уапси.

Во аеродромската полициска станица детективите му наредиле на Строс Кан да ги испразни џебовите, покажуваат документите. „Дали е неопходно тоа?“, прашал тој кога му биле покажани лисиците. „Да, неопходно е“, вели детективот Деван Махараџ од Њујоршката полиција.

Строс-Кан потоа се повикал на дипломатскиот имунитет, и побарал да разговара со францускиот конзулат. Десет минути подоцна Строс-Кан прашал дали може рацете да му бидат врзани „однапред“, а пет минути подоцна вели: „морам да се јавам и да им кажам дека нема да присуствувам на состанокот утре. Овие лисици се тесни“.

Околу 20.45 часот по локално време Строс-Кан е во детективската канцеларија во Менхетен и прашал дали може да добие кафе. Петнаесет минути подоцна Строс-Кан прашува: „Дали ми е потребен адвокат?“

Додека се случувала оваа конверзација, документите откриваат дека Строс- Кан, најверојатно, го променил мислењето околу прашањето за дипломатски имунитет. „Ваше право е да имате една од овие земји ако сакате. Не знам дали имате некаков дипломатски статус“, одговорил детективот Мигуел Ривера. „Не, не, не, не се обидувам да го искористам тоа“, рекол Строс Кан. „Сакам да знам дали ми е потребен адвокат“. „Тоа е ваша одлука“, одговорил Ривера.

Неколку дена по неговото апсење ММФ соопшти дека Строс-Кан, како извршен директор, има само ограничен имунитет што не е применлив на случајот во Њујорк.

Два часа откако Строс-Кан прашал дали му е потребен адвокат, тој им рекол на детективите дека адвокатот го советувал да не зборува. Полицијата го прашала Строс-Кан дали сака нешто да јаде. „Би сакал неколку јајца“, одговорил тој. Вечерта Строс-Кан побарал сендвич. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 732 пати.

Испрати коментар

Од: XXL
Датум: 18.06.2011 18:02:38
Sega se zali na lisicite a sto nosel tesni gaki sto mu napravile problemmmmm....a a !!!

Најди! во Утрински
Свет
Последениот ас во ракавот на Папандреу?
По Осама, Завахири
Криминалци ја демнат Грција
Српските новинари во Ал Џезира мора да го признаат Косово
„Гардијан“ не се откажува од хартијата
Безобразниот конгресмен даде оставка
Кампања против пушењето во Европа
Над 700 илјади странци добиле државјанство во држави од ЕУ
Пак се караат за Фокландските Острови
Над 15 земји ја шпионираат Шведска

"""